Шведска е чекор поблиску до членство во НАТО по гласањето на турскиот парламентарен комитет

December 26, 2023
1 min read

Комитетот на турскиот парламент, контролиран од владејачката Партија за правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган, гласаше да го поддржи барањето што Шведска го поднесе по руската инвазија на Украина минатата година. Следно е гласањето во парламентот, по што се очекува Ердоган да го потпише нацрт-законот и да се заокружи целиот процес за одобрување на кандидатурата на Шведска за членство во Алијансата

Комитетот за надворешни работи на турскиот парламент ја одобри кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. Ова е клучен чекор кон проширување на западниот блок по 19-месечното одложување во кое Анкара бараше отстапки од официјален Стокхолм во врска со безбедноста, обвинувајќи ја Шведска дека прави премалку против луѓето што Турција ги смета за терористи.

Комитетот, контролиран од владејачката Партија за правдата и развојот (АКП) на Реџеп Таип Ердоган, гласаше да го поддржи барањето што Шведска го поднесе по руската инвазија на Украина минатата година.

Следен чекор е гласањето во парламентот на Турција кое се очекува да се одржи во рок од неколку недели и таму да биде одобрена кандидатурата на Шведска за членство во Алијансата. Потоа се очекува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го потпише нацрт-законот, со што ќе се заокружи целокупниот процес.

Шведска и Финска аплицираа за членство во НАТО откако Русија ја започна воената инвазија врз Украина во февруари минатата година. Официјална Анкара го ратификуваше членството на Финска, но се спротивстави на Шведска, тврдејќи дека Стокхолм ги штити групите што таа ги смета за терористички.

Во јули годинава Анкара ги повлече своите приговори за приклучувањето на Шведска во НАТО, што од западните лидери беше поздравено како чекор кон единството што сакаат да го покажат во екот на руската агресија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прогласени победниците на 14. Mеѓународeн фестивал за анимиран филм „Анимакс“

Следно

Седница на ЦО на СДСМ: Овластување на претседателот Ковачевски за Европски фронт, Зечевиќ е Шеф на централниот изборен штаб

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и
Go toTop