Швајцарскиот Парламент го усвои законот за забрана на бурката

September 20, 2023
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Швајцарскиот Парламент денес усвои закон со кој е незаконско покривањето на лицето, вклучително и носење бурка – муслимански женски превез што го покрива целото тело од глава до пети – со парична казна од 1.000 швајцарски франци (околу 1.114 долари), пренесува Анадолу.

Законот за „забрана на бурка“ беше одобрен од Горниот дом на Парламентот, познат како Националрат, со 151 глас „за“ и 29 „против“, објави јавниот сервис „СРФ“.

Сите барања на пратениците за измени во формулацијата, висината на паричните казни и изземањата беа одбиени.

Швајцарската Влада во 2021 година спроведе референдум за ова прашање, при што 51,2 отсто гласаа за забрана за носење бурка на јавни места во целата земја, а 48,8 отсто гласаа против.

Новиот закон го прави незаконско покривањето на лицето на јавни и приватни места достапни за пошироката јавност „на таков начин цртите на лицето да не се препознатливи“.

На прекршителите им се заканува казна до 1.000 швајцарски франци (1.114 долари). Сепак, постојат неколку исклучоци од забраната, како верските служби, автохтони обичаи, театарски претстави и превез од здравствени или климатски причини.

Новиот федерален закон ги замени локалните закони во 15 швајцарски кантони што забрануваат покривање. Франција и Белгија беа први земји во Европа што ја забранија бурката на јавни места во 2011 година, потоа Бугарија во 2016 година, Австрија во 2017 година и Данска во 2018 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Борел со лидерите на земјите од Западен Балкан на маргините на Генералното собрание на ОН

Следно

79-годишна жена од село Шипковица тешко повредена откако се обидела да раздвои двајца мажи од пресметка!

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима
Go toTop