Швајцарија ја потврди поддршката за истрагата на МКС за ситуацијата во Палестина

November 22, 2023
1 min read

БЕРН (АА) – Швајцарија ја повтори својата „непоколеблива поддршка“ за Меѓународниот кривичен суд (МКС) како независна и непристрасна судска институција, пренесува Анадолу.

Швајцарското Министерство за надворешни работи издаде соопштение за истрагата на МКС за ситуацијата во Палестина, изразувајќи поддршка за Судот како држава членка на Римскиот статут.

„Остануваме посветени на меѓународниот поредок заснован врз правила“, се вели во соопштението.

Во соопштението се нагласува дека МКС „е интегрален дел од овој поредок и клучна институција во борбата против неказнивоста и извршувањето на правдата, кои се суштински компоненти на одржливиот мир, безбедност и помирување“.

Во соопштението се вели дека МКС е надлежен за ситуацијата во Палестина и обвинителите ја истражуваат ситуацијата од март 2021 година.

„Оваа истрага опфаќа постапки што може да претставуваат злосторства според Римскиот статут извршени од 13 јуни 2014 година во Газа и на Западниот Брег, вклучително и Источен Кудс (Ерусалим)“, соопшти Министерството.

Повикувајќи се на обвинителите, се наведува дека истрагата ги опфаќа и нападите што се случија на 7 октомври.

„Швајцарија ќе продолжи целосно да ги поддржува МКС и неговата работа во однос на сите околности што потпаѓаат под негова надлежност“, соопшти Министерството, повикувајќи ги сите држави да обезбедат целосна соработка со Меѓународниот кривичен суд.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади во Појасот Газа по нападот на Хамас, при што загинаа повеќе од 14.128 Палестинци, вклучително 5.840 деца и 3.920 жени, според здравствените власти во енклавата.

Илјадници згради, вклучително болници, џамии и цркви, се оштетени или уништени во израелската офанзива.

Според официјални податоци, бројот на загинати Израелци изнесува околу 1.200.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски со честитки по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука

Следно

Подгответе се за Black Friday  во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети -Големи попусти и многу забава

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop