Шумските пожари во Лос Анџелес можно е да се меѓу економски најпогубните во историјата на САД

January 13, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Разорните шумски пожари што ја пустошат американската сојузна држава Калифорнија во последните седум дена се очекува да резултираат со досега во историјата незапаметена штета, уништување згради и инфраструктура, а воедно и со нарушување на бизнисите, јавува Анадолу.

Илјадници домови се претворени во пепел во Калифорнија, каде што просечната цена на куќа е околу 780.000 долари, додека во богатото соседство Пасифик Палисејдс, кое е меѓу погодените од пожарите што беснеат од 7 јануари, цените се околу 3 милиони долари.

Минатата недела, „AccuWeather“ процени дека штетите и економските загуби во округот изнесуваат помеѓу 135 и 150 милијарди долари, додека бројот на жртви се зголеми на 24.

„Овие пожари кои се шират многу брзо поттикнати од силните ветрови, создадоа една од најскапите катастрофи од пожари во модерната историја на САД“, изјави Џонатан Портер, главен метеоролог на „AccuWeather“.

„Ветровите со сила на ураган предизвикаа пламенот да се прошири низ населби со куќи вредни милиони долари“, додаде тој.

Портер вели дека сцените на уништување се жални, а економската загуба запрепастувачка.

„За да се стави ова во перспектива, вкупните штети и економските загуби од оваа катастрофа со пожарите би можеле да достигнат речиси 4 отсто од годишниот БДП на државата Калифорнија“, истакна тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забрана за движење на камиони на планинскиот превој Плетвар, еве на кои места има активни забрани

Следно

Иниго Мартинез се повреди во финалето на Суперкупот

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop