Шумските пожари во Јужна Кореја однесоа најмалку 19 животи, се урна противпожарен хеликоптер

March 26, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 19 лица загинаа во пожарите што се шират низ југоисточна Јужна Кореја, при што властите денес потврдија дека противпожарен хеликоптер се урнал за време на напорите за гаснење на пламените јазици, јавува Анадолу.

Според сеулската новинска агенција Јонхап, три жртви биле пронајдени во Андонг, главниот град на провинцијата Северен Геонгсанг, три во Чеонгсонг, шест во Јеонгјанг, а уште седум во Јеонгдок. Едно лице се води како исчезнато во Чеонгсонг, додека 10 други се повредени, од кои две се во тешка состојба.

Животот го загуби и 73-годишен пилот кога неговиот хеликоптер С-76 – кој бил во служба 30 години – се урна додека се борел со пожарите во Уисеонг, околу 180 километри југоисточно од Сеул.

По несреќата, властите наредија приземјување на сите противпожарни хеликоптери.

Вршителот на должноста претседател, Хан Дук-су, ги опиша шумските пожари како „најлошите во историјата“ на земјата и повика на „максимални напори“ за нивно гаснење.

Според него, пожарите досега зафатиле 17.000 хектари, уништиле 209 домови и фабрики, а околу 500 затвореници од еден затвор во Северен Геонгсанг биле евакуирани.

Во пожарот целосно е уништен и историскиот храм Гоунса во Уисеонг, кој бил изграден во 681 година од будистички монах за време на династијата Сила. Официјалните лица од културата успеале да ги спасат камениот Буда од 9 век и други историски артефакти пред пламените јазици да го зафатат храмот.

Илјадници пожарникари, десетици хеликоптери и итни служби се мобилизирани од минатиот петок, кога пожарите започнаа во округот Санчеонг, провинцијата Јужен Геонгсанг.

Поттикнати од силни, суви ветрови, пламените брзо се проширија кон север, зафаќајќи ги Уисеонг, Андонг, Чеонгсонг, Јеонгјанг и Јеонгдок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Земјотрес утрово во Албанија, почувствуван и во Македонија

Следно

Jунајтед најде замена за Мегваер

Latest from Blog

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на
Go toTop