Шумските пожари се шират во сириска Латакија, изгорени 10.000 хектари шума

July 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Пожарите во северозападниот дел на Сирија продолжуваат да се шират, откако досега уништија 10.000 хектари шума, соопштија властите, јавува Анадолу.

Според државната новинска агенција САНА, нови жаришта се појавиле во градот Кастал Мааф, во руралното подрачје на Латакија. Директорот на цивилната заштита, Абдул Кафи Кајал, изјави дека акциите за гаснење на пожарите се во тек.

„Стотици илјади шумски дрвја на површина од околу 10.000 хектари во 28 локации се претворени во пепел“, напиша министерот за итни случаи и катастрофи, Раед Салех, на социјалната мрежа Х.

Салех информираше дека на теренот работат над 100 тимови, вклучително и екипи од Турција и Јордан, со 160 противпожарни возила и 12 тешки инженерски машини, како и хеликоптери обезбедени од Јордан и Турција.

Во акциите досега се повредени осум припадници на цивилната заштита, но нема пријавени повреди кај цивилното население.

Министерот ги оцени последиците од пожарите како „катастрофални“.

„Работиме во рамки на нашите можности“, изјави тој, изразувајќи благодарност до турската Влада за испраќањето 16 тимови за помош, како и до јорданската Влада за испраќањето екипи и шест хеликоптери.

Салех додаде дека „доколку временските услови останат стабилни и брзината на ветерот не се зголеми, постои можност пожарите да бидат ставени под контрола денес“.

Сириските власти претходно соопштија дека е формирана заедничка просторија за теренски операции, во соработка со голем број организации, за да се обезбеди логистичка и теренска поддршка за операциите за гаснење на пожарите во Латакија.

Неодамна, во руралните средини на Латакија избувнаа интензивни пожари поради високите температури, што се засилија поради густата шумска покривка и силните ветрови во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Четири активни пожари во Македонија

Следно

Дури седум клубови вклучени во трансферот на Дурант во Хјустон

Latest from Blog

Славен пејач падна од бината среде настап- го поддржа Џенифер Лопез (ВИДЕО)

Инцидентот се случи само два месеци пред неговиот долгоочекуван и контроверзен настап на полувремето на Супербоул. Несреќа среде настапот Раперот, чие вистинско име е Бенито Окасио (31), бил среде изведувањето на својот

Омерагиќ најавува предлог за нов селектор до 25 декември

Како Комисија за избор на нов селектор на македонската А репрезентација, денеска имавме конструктивен состанок, изјави Масар Омерагиќ, претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). На состанокот беа разменети размислувања за профилот
Go toTop