Шумските пожари меѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел беснеат на 11 локации

May 1, 2025
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Шумските пожари што избувнаа во шумската област помеѓу Ерусалим и Тел Авив во Израел продолжуваат на 11 локации, пренесува Анадолу.

Денес противпожарните авиони помогнаа во напорите за ставање под контрола на шумскиот пожар што избувна во Израел.

Најмалку 20 лица се повредени од вдишување чад, израелските власти евакуираа неколку населени места и затворија голем автопат во централен Израел вчера поради шумските пожари предизвикани од високите температури, а Тел Авив побара меѓународна помош за да ги стави под контрола распламтените пожари кои брзо се шират.

Израелскиот Канал 12 јави дека пожарите сега ги надминуваат размерите на разорниот шумски пожар на планината Кармел во 2010 година.

Болницата „Асаф Харофе“ потврди дека примила 10 лица на лекување, додаде КАН.

Претходно, израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави дека 12 лица се повредени во пожарите.

Проценките од Еврејскиот национален фонд покажаа дека моменталните шумски пожари во подрачјето на ридовите околу Ерусалим уништиле приближно 1.170 хектари шумски површини, според весникот.

Во соопштението на Противпожарната и спасувачка служба се вели дека населените места Неве Шалом, Бекоа, Таоз, Нахшон и Месилат Цион се евакуирани.

Евакуациите беа предизвикани од опуштосувачките пожари што избувнаа во неколку области поради високите температури и силните ветрови, додека 111 противпожарни екипи и 11 авиони се борат за нивно гаснење.

КАН, исто така, јави за голем пожар во шумата Ештаол помеѓу Ерусалим и Тел Авив.

Како што се истакнува, властите издале инструкции за можни евакуации на повеќе заедници поради шумските пожари.

Противпожарната и спасувачка служба го подигна нивото на тревога на највисока точка поради пожарите и побара меѓународна помош.

Израел побара противпожарни авиони од Грција, Хрватска, Италија и Администрацијата на кипарските Грци, јави КАН.

Канал 7 објави дека воздухопловните бази се подготвени да примат противпожарни авиони на странски војски доколку е потребно.

Поради пожарите, железничките услуги помеѓу Ашдод и Ашкелон на југ се прекинати, принудувајќи ги патниците да се симнат, објави дневниот весник „Израел Хајом“.

Во меѓувреме, израелската министерка за транспорт Мири Регев издаде инструкции до надлежните органи возовите на дизел-мотори да бидат подготвени доколку електричната мрежа на земјата биде компромитирана од тековните пожари, објави Израелското воено радио.

Командантот на противпожарната служба на округот Ерусалим, Шмулик Фридман, рече дека овие пожари можно е да се „најголемите во историјата на Израел“.

Министерот за одбрана, Израел Кац, претходно прогласи вонредна состојба и ѝ наложи на армијата да им помогне на пожарникарите во регионот на Ерусалим.

Канал 12 соопшти дека Израел ги откажал сите закажани прослави за Денот на независноста поради масовните пожари.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Приведен полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

Следно

ССМ го почна првомајскиот протест за повисоки плати и поголеми права на работниците

Latest from Blog

Мадона се мажи за момче, помладо од нејзината ќерка- свадбата ќе се одржи во Европа

Странските медиуми објавуваат дека Мадона (67) наскоро би можела да го каже судбоносното „да“ на своето 38-годишно момче Аким Морис (29), со кого е во врска неколку години. Според „Радар онлајн“, Аким

Тројца мажи од група од 50-тина што им се закануваше на Србите во Сплит се приведени, откриен идентитетот на еден од вмешаните во скандалот

Сплитската полиција, неофицијално дознава „Слободна Далмација“, во вторник пронашла и привела тројца мажи за кои се сомнева дека се дел од група од околу педесет лица во понеделник вечерта во рацијата во

Со колку пари се купува среќата?

Сите ја знаеме познатата изрека „Среќата не се купува со пари“, но сумата на пари што ја заработувате може да влијае врз тоа како ја доживувате среќата, вели едно најново научно истражување.

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат

Две и пол децении по почнувањето на нашиот пат кон членство во ЕУ, ние се уште сме на истото место, не затоа што не ги исполнуваме Копенхашките критериуми, туку поради некои вештачки
Go toTop