Шукова: Заедно со граѓаните и активистите ја создаваме програмата за ранливите групи, Скопје мора да биде град на солидарноста

August 16, 2025
1 min read

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од Социјалдемократскиот сојуз, Каја Шукова, денеска го посети Дневниот центар за поддршка на деца и семејства во ризик „Гнездо“ во Скопје, каде што оствари средба со програмската директорка на невладината организација „Новинари за човекови права“, Наташа Доковска, се наведува во соопштението од СДСМ, што го пренесуваме интегрално.

Со претставниците на „Новинари за човекови права“, кои го спроведуваат проектот „Гнездо“, Шукова разговараше за потребите на најранливите категории и за можностите преку програмите за социјална заштита да се зголеми грижата на градот за нив.

„Како иден градоначалник, ќе се борам и ќе застанам зад секое дете, зад секоја мајка, зад секој човек кој се чувствува заборавен. Тие ќе бидат мој приоритет. Скопје мора да биде град што се грижи – град на еднакви можности, град на достоинство, град на солидарност. Затоа што тоа е Скопје што го заслужуваме сите ние. И заедно, ќе го изградиме“, рече Шукова.

Таа најави дека во својата програма за заштита на ранливите категории ќе предвиди зголемување на капацитетите за социјална заштита, како и повеќе финансиски средства за покривање на трошоците што социјално ранливите категории ги имаат за струја, вода, ѓубретарина и слично.

„На Скопје му се потребни повеќе сензорни простории во јавните установи. Мора да изградиме повеќе групни домови за возрасни лица со попреченост, како и да обезбедиме безбеден дом и сигурност за жртвите на семејно и родово насилство“, додаде Шукова.

Во програмата, таа предвидува и поддршка за младите и семејствата со ниски примања, со цел грижата да биде реалност, а не привилегија.

Извор: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Зошто младите жени избираат ПОВОЗРАСНИ МАЖИ?

Следно

Над 320 жртви во Пакистан поради обилните дождови

Latest from Blog

Коњановски: Битола подготвува стратегија за урбано зеленило и нов систем за отпад

Тони Коњановски денеска истакна дека изработката на Стратегијата за развој на урбано зеленило и воведувањето на подземни садови за отпад претставуваат две суштински мерки кои директно влијаат врз подобрувањето на квалитетот на

СЕ МЕНУВААТ ЛИ ГРАНИЦИТЕ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА – Романија отвори процес за обединување со Молдавија!

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако

Божиновска: Скопје повторно станува регионален центар за енергетика и зелена транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос
Go toTop