Што знае вештачка интелигенција што е авторско право

January 11, 2024
1 min read

Компанијата за вештачка интелигенција OpenAI – моментално проценета на 80 милијарди долари – му соопшти на британскиот парламент дека нејзиниот производ за генерирање содржини, ЧетГПТ, не може да постои без бесплатно користење на човечки дела кои повлекуваат авторски права.

Забелешките на компанијата биле доставени до поткомитетот на Домот на лордовите кој разгледува

можни промени во законот за вештачка интелигенција и авторските права поради жестоките реакции од писателите и креаторите.

„Би било невозможно да се обучуваат денешните модели на вештачка интелигенција без користење материјали заштитени со авторски права… Ограничување само на она што е на јавен домен, создадено пред повеќе од еден век, не би ги задоволило потребите на денешните граѓани“, пишува ОпенАИ.

Тие се надеваат законските решенија за авторски права нема да важат и за обука на нивните системи.

ОпенАИ веќе се соочува со сериозни тужби од друштва на автори, како и од весникот Њујорк Тајмс кој ги тужи за „масовно кршење на авторските права, комерцијална експлоатација и злоупотреба“ на нивниот труд.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Син физички го малтретирал и му се заканувал на својот татко

Следно

Кремљ: САД вршат притисок врз другите земји да го запленат замрзнатиот руски имот

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop