Што се случува со Арсенал? Борнмут славеше на „Емирати“, Сити ќе го напаѓа врвот (ВИДЕО)

April 11, 2026
1 min read
фото: Premier League (X)

Голем „кикс“ на Арсенал на стартот на денешните натпревари од 32. Коло во Премиер лигата. Момците на Микаел Артета по репрезентативната пауза доживеаја нов срам, откако на домашен терен загубија од Борнмут со 1:2. Ова е втор пораз на Арсенал за само седум дена.

Откако „топчиите“ беа елиминирани од ФА Купот од тимот од Чемпионшип Сандерленд пред седум дена, денес беа поразени дома од Борнмут и со тоа го загрозија сигурното лидерство на табелата.

Борнмут ги однесе сите три бода од „Емирати“ со што му даде шанса на Манчестер Сити да се доближи до лидерот Арсенал на само шест бода доколку утре го победи Челзи, а сепак би имале натпревар помалку, а со тоа борбата за титулата англиски шампион би била отворена до самиот крај.

Борнмут поведе на „Емирати“ во 17-тата минута со голот на Ел Крупи, Арсенал израмни во 35-тата минута кога Ѓокерес реализираше пенал, а Скот му ја донесе победата на Борнмут во 74-тата минута по одлична акција.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Policia gjen një “Pit Bull” të lënduar në një veturë me targa të Tetovës, ishte lënduar gjatë ndeshjes me qen

Следно

Заев и Филипче должат одговори дали бил договориле процент од продажбата на „Дака“ во Тетово, вели Петрушевски

Latest from Blog

Саботажа? СРЕД ПРЕГОВОРИ ЗА МИР ТРАМП ПРАТИ ВОЕНИ БРОДOВИ ВО ОРМУЗ!

Неколку бродови на американската морнарица влегоа и пловеа низ Ормутскиот теснец и тоа за време на преговорите помеѓу САД и Пакистан, потврди американски функционер. Ова е прво поминување на американски воени бродови

Заев и Филипче должат одговори дали бил договориле процент од продажбата на „Дака“ во Тетово, вели Петрушевски

Врховниот лидер на СДС, Заев и неговиот чувар на фотелјата Филипче должат одговори дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на „Дака“ во Тетово, рече денес на прес-конференција пратеникот Бране
Go toTop