Што се па сега „транс-лезбејки“?

October 12, 2023
1 min read

Сега и Обединетите Нации им прават гаслајтинг на лезбејките, пишува Бев Џексон, ветеранка од ЛГБ Алијансата, алудирајќи на пораката на соодветната организација на ОН на Меѓународниот ден на лезбејките: „Запомнете, и транс-лезбејките се лезбејки.“

Терминот „гаслајтинг“ можеби и прекумерно се користи во последно време. Доаѓа од една од најпознатите улоги на Ингрид Бергман во филмот Гаслајт на Џорџ Цукор од 1944 година. Бергман ја игра Паула, убава и вознемирена сопруга на Грегори, кој тргнува да ја излуди. Со навидум банални финти, затемнувајќи и осветлувајќи ги светлата додека негира дека го прави тоа, што е визуелна метафора за неговата психо-тортура врз неа. Филмот ни го даде овој – непреведлив на македонски – термин и тактиките да се натераат луѓето да прифатат лаги и да мислат дека полудуваат.

„Оваа подмолна тактика особено агресивно се користи од родовите идеолози, кои ја повторуваат мантрата дека „транс-жените се жени“, пишува Џексон.

За жал, пишува таа, тактиката се покажа како успешна. Една третина од популацијата на Велика Британија веруваат дека „транс-родовите жени“ се родени како жени, а не како мажи. Или, во најмала рака, не се сигурни како биле родени.

Да бидеме начисто: „транс лезбејките“ кои ги спомнуваат ОН се мажи кои се идентификуваат како жени и притоа ги привлекуваат жени. Со други зборови, хетеросексуални мажи.

Извесна Џени Вотсон организирала спид-дејтинг настани за лезбејки во Лондон, сè додека не забележала дека на дешавките сè почесто упаѓаат и мажи (за да ловат лезбејки), по што дала до знаење дека дејтање лезбејки е само за жени. Транс-активистите дигнале џева по што газдата на пабот ѝ ги откажал настаните, пошто не биле „инклузивни“.

„Она што многу луѓе не го разбираат е дека Законот за еднаквост експлицитно дозволува исклучување на луѓето според нивниот пол, сè додека тоа е пропорционално средство за постигнување легитимна цел. Исклучувањето на мажите од настан за запознавање со лезбејки е архетипско легитимно исклучување“, пишува Џексон. 

Таа забележува дека гаслајтингот е предавство на лезбејките бидејќи меѓу нив шверцува мажи и така го уништува она на што тие се особено горди – што се врвна навреда за машката суета.

Кога некои граници не се спроведуваат, гледаме како просторите за жени се сквернават, женскиот спорт се поткопува, женските затворенички се изложуваат на опасности… сето тоа под маската на „транс-инклузијата“. 

Во филмот, Грегори сака да ја спакува Паула во лудница за на раат да го бара нејзиниот семеен накит.

„Мотивациите на UN Women се можеби посложени, но нечесноста е иста. Мораме да го отфрлиме овој родов гаслајтинг и да ја држиме цврсто контролата врз биолошката реалност“, пишува Бев Џексон.

***********

Види и:

7 фрази што ги користат гаслајтери

И кај нас стигнаа транс- деца

Мислев им помагам на транс-деца. Сега дигам узбуна!

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Проедроу и Лечиќ на 8. МФФ Киненова: Културата на овие простори може да ги надмине сите бариери

Следно

Повторно Србите помагаат: Владата обезбеди чартер лет на „Ер Србија“ да ги врати нашите граѓани од Изреал

Latest from Blog

Black Friday: Пазарен инспекторат „лови“ лажни попусти

Нечесните трговци кои ги изигруваат купувачите со лажи попусти се еден чекор пред институциите и добро знаат како да го изиграат законите, вели претседателката на Организација на потрошувачи Маријана Лончар Велкова. Таа

Притвор за три лица осомничени за предизвикување национална омраза

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова преку социјалните мрежи ги осуди вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме, беше осквернавено македонското знаме. Како што напиша Сиљановска Давкова на својот профил

Казни од 2,2 милиони евра за грчки компании поради лажни попусти

реку специјалната дигитална алатка за откривање лажни попусти што ја користат ревизорските служби на Министерството за развој на Грција, биле откриени 14 компании кои во изминатите седмици се обиделе со лажни попусти

Турскиот претседател ја нагласи потребата од развивање прецизни, трајни и долгорочни политики за миграцијата

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја нагласи потребата да се пристапи кон миграцијата од сеопфатна перспектива и соодветно да се развијат прецизни, трајни и долгорочни политики, јавува Анадолу.
Go toTop