Што се крие зад најавите за медијаторство на Џорџа Мелони меѓу Македонија и Бугарија?

September 25, 2025
5 mins read

Со посебна доза внимание македонската јавност деновиве ги анализира најавите за можно директно вклучување на италијанската премиерка Џорџа Мелони во олеснувањето на дијалогот на релацијата Скопје-Софија, со крајна цел да се најде решение за блокираните македонски евроинтеграции,  анализира НОВА МАКЕДОНИЈА.

Сето ова следува по две неуспешни самоиницијативи, прво на Австрија, а потоа и на Унгарија, во кои Брисел немаше тежишна улога, за преку посредништво да се обидат да ги доближат ставовите меѓу официјална Софија и Скопје, за да може Македонија да започне со отворање на преговарачките поглавја. Бугарската страна експресно ги отфрли ваквите претходни две иницијативи.

Она што сега се наметнува како дилема во јавноста е дали Брисел, со овој обид за посредништво или олеснување во целосно негова режија, ја става Мелони на еден вид тест преку кој таа треба да покаже дали во процесот на изнаоѓање решение за македонско-бугарскиот спор тежиштето ќе го стави на политиките на бриселските либерални елити или, пак, ќе му даде шанса на суверенистичкиот пристап. Одговорот на тоа прашање ќе значи и одговор за бриселските либерални кругови во која насока се движи харизматичната италијанска премиерка, која несомнено пројавува повисоки лидерски апетити.

Идеална фигура за приближување на македонско-бугарските позиции?

Во пресрет на почетокот на предизборната кампања во земјава, дипломатски извори во земјава неодамна брифираа дека има некакво раздвижување околу македонско-бугарскиот спор, со најава дека во улога на олеснувач би можело да се најде италијанската премиерка Џорџа Мелони.
– Мелони е идеална фигура за приближување на позициите на Македонија и на Бугарија. Таа е моќна фигура во ЕУ, но и еден од главните американски сојузници во Европа во моментов – изјавија изворите за порталот на албански јазик „Лидери.мк“, објаснувајќи каде го темелат својот оптимизам за надминување на разликите меѓу Македонија и Софија во случај на вклучување на италијанската премиерка.

Појаснуваат дека не станува збор за класично посредништво меѓу двете страни, туку за вклучување на италијанската премиерка со цел да се унапредат спорните прашања.

Информацијата индиректно ја потврди и македонскиот премиер Христијан Мицкоски за време на минатонеделниот брифинг со новинарите.
– Очекувам позитивен развој на настаните со Бугарија на почетокот на следната година. Разговаравме и со премиерот на една од трите најголеми земји од ЕУ – рече Мицкоски, без да прецизира за која земја станува збор. Кратко напомена дека очекува придвижување, акција „од друг центар на моќ“.

Дали Брисел ѝ подготвува кукавичино јајце на Мелони?

Несомнено сите индиции упатуваат дека е можен некаков пробив по локалните избори, но клучното прашање е од каде одеднаш во улога на олеснувач се појавува Мелони, имајќи го предвид фактот дека францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц и натаму зад кулисите водат отворена битка околу европската лидерска позиција, а за тоа им се потребни и таканаречени мали победи во билдање на нивниот рејтинг.
Дел од познавачите на европските состојби се на ставот дека евентуалната олеснувачка улога на Мелони во надминувањето на македонско-бугарскиот спор можеби е замка за италијанската премиерка подготвена токму од официјален Брисел.
– Во ЕУ и натаму либералниот глобалистички пол и меѓународната „длабока држава“ ги задржуваат своите позиции. Тие и натаму се обидуваат со сите сили да ги стават во сопствена (неолиберална) функција суверенистите (вклучително и Мелони) и да ги вратат во колосек кон своите либерални, глобалистички политики. Во Брисел постои огромна доза завист на успешните политики што Мелони ги спроведува на домашен, но уште повеќе на меѓународен план. Макрон и Мерц се дават во домашни проблеми, така што веќе никој не верува дека тие би можеле да ја извлечат Европа од криза, кога не можат да ги оправат ниту сопствените држави. Токму тука е европскиот тест за Мелони, а македонско-бугарскиот спор би бил своевиден лакмус за нејзините вистински политички намери – оценуваат познавачите.

Според нив, Брисел е свесен дека по победата на Трамп во САД на сцена стапи суверенизмот и тоа се гледа и по потезите што ги влече американскиот претседател, а неговите политики сѐ погласно почнаа да одекнуваат и меѓу некои земји членки на ЕУ.
– Нелиберално ориентираната елита на популистичките десничарски движења во ЕУ, кои станаа лидери во некои од ЕУ земјите (и се сите симпатизери на трампистичката идеологија), сега е предмет на „дисциплинирање од страна на Брисел“. Бриселските елити сега веќе и не избираат начини како ќе се постигне нивната зацртана цел.

Против унгарскиот и словачкиот премиер Виктор Орбан и Роберт Фицо се води континуирана кампања дека се антиевропски елементи, дека се на страната на Русија и слично, па им се наметнуваат санкции, се вршат притисоци, уцени, врз вториот беше направен и обид за атентат, само за да се истуркаат актуелните европски политики – посочуваат соговорниците, некаде со сила и уцени, некаде со малку поразлични „помеки“ пристапи, како во случајот со Мелони. Една од таквите бриселски „меки алатки“ е и случајот македонско-бугарски разврски, даден како „идеолошка шанса“ за Мелони.

Шансата за Мелони да се профилира како иден европски лидер

Мислење на аналитичарите со кои се консултиравме е дека низ таква призма можеби треба да се набљудува евентуалното ангажирање на италијанската премиерка Џорџа Мелони како олеснувачка во македонско-бугарскиот спор.
– Несомнено бриселските либерални елити се свесни дека Мелони би можела да се профилира како иден европски лидер бидејќи гледаат дека конечно има некој лидер со харизма што би можел да застане на чело на Европа. Имено, беше на масата во Белата куќа рамо до рамо со Трамп каде што се расправаше за Украина, беше во Кина, присутна е на сите места каде што се расправа за клучните геополитички прашања. Впрочем, таа ја врати Италија на голема врата на светската политичка сцена, но она што е непознато за Брисел е кон што таа ќе се приклони, имајќи ги предвид блиските релации што ги има со Трамп. Затоа олеснувачката улога во спорот меѓу Македонија и Бугарија би можело на некој начин да ја разобличи пред либералните европски елити и да им покаже дали таа со својата харизма ќе успее да ги продаде либералните бриселски политики, ветувајќи финансиски и други бенефиции за земјава само колку да се истурка европската агенда или, пак, ќе покаже личен интегритет и политичка визија што подразбира право на секоја земја и народ за самоидентификација, што е поблиску до суверенистичките позиции, од кои Европа стравува. Повеќе од извесно е дека од она што ќе го понуди како решение, ќе се знае во кој правец размислува Мелони, а од тоа веројатно ќе зависи и како Брисел ќе се постави кон неа – констатираат соговорниците.

Ќе го стивне ли Брисел гласниот критичар на европските самоуништувачки политики – Џорџа Мелони?

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, лидерка на партијата Браќа на Италија (Fratelli d’Italia), од своето доаѓање на власт во октомври 2022 година, се позиционира како критичарка на неколку клучни политики на Европската Унија. Иако нејзиниот тон стана умерен во однос на нејзината претходна реторика, сепак се спротивставува на следниве политики:

1. Миграциона политика

Мелони остро ја критикува миграционата политика на ЕУ, сметајќи дека ЕУ ја остава Италија самостојно да се справува со приливот на мигранти преку Средоземно Море.
Таа бара построги гранични контроли и распоредување на мигрантите низ сите земји членки, наместо да остануваат во земјата на пристигнување (Италија).
Поддржува спречување на поаѓањето на мигрантите од Африка, преку договори со трети земји (пример: Тунис, Либија).

2. Зелена агенда и Зелен договор (Green Deal)

Мелони е критична кон амбициозните климатски политики на ЕУ, особено околу забраната за продажба на автомобили со внатрешно согорување до 2035 година, новите еколошки стандарди за реновирање згради (т.н. директива за енергетски перформанси на зградите – ЕПБД).
Нејзиниот став е дека овие мерки се штетни за малите и средни претпријатија, прескапи за граѓаните, особено во Јужна Европа, и дека треба да се применуваат постепено и со национален суверенитет.

3. Фискални правила и буџетска дисциплина

Иако директно не се конфронтира со Брисел како некои популисти, Мелони бара поголема флексибилност во фискалните правила, особено во однос на дефицитот и јавниот долг (кој во Италија е над 140 отсто од БДП).
Претпочита инвестирање во индустрија, семејства и наталитет наместо строга буџетска консолидација.

4. Суверенитет наспроти наддржава ЕУ

Мелони е силен поборник за национален суверенитет и често се спротивставува на централизацијата на моќта во Брисел.
Не поддржува идеи за „повеќе Европа“ кога станува збор за федерална интеграција (пример: заеднички здравствен систем, надворешна политика итн.).
Нејзината визија е „Европа на нациите“, каде што секоја држава членка има значителна автономија.

5. Политика кон Русија и Украина

Иако ги поддржува Украина и санкциите кон Русија, дел од нејзината коалиција (посебно партијата на Салвини – Лига) има попријателски став кон Кремљ.
Внатрешно, има поделби околу долгорочната стратегија за војната во Украина.

НОВА МАКЕДОНИЈА

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На оваа возраст, паровите го имаат најдобриот интимен однос во животот – дури тогаш сè станува возбудливо и поопуштено

Следно

Младите во ЕУ си заминуваат од домот на родителите на 26,2 години, во Македонија на 32,1 година

Latest from Blog

Ѓорѓиевски за press24: „SKOPJE CITY GO“, Мал Ринг зона без автомобили, град без депони – современо и паметноурбано Скопје

Интервју на press24 со Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. ПРЕС 24: Јавниот градски превоз е една од црните точки на Скопје. Кои се Вашите позиции за ова? Што

Меџити: Чаир ден по ден се претвора во модерен градски центар

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, оствари средба со жителите на Серава, каде што разговараше за тековните и идните проекти кои директно го менуваат квалитетот на

Орбан разговараше со Трамп за енергетската безбедност

Унгарскиот премиер Виктор Орбан разговараше телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп за неколку прашања, вклучувајќи ја и енергетската безбедност во Централна Европа, изјави доцна синоќа унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто

НИКОЛОСКИ: „Со Грција имаме потенцијал да изградиме најцврсто економско сојузништво во регионот“

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт и врски Александар Николоски во Атина оствари средби со високи претставници на грчката Влада, при што во фокусот беа економската соработка, регионалното поврзување и големите
Go toTop