Што изгуби Северна Македонија со отсуството на Форумот во Давос?

January 21, 2025
2 mins read

Светскиот економски форум во Давос претставува елитна годишна средба на глобални лидери, бизнис-експерти, економисти и академици. Кога станува збор за дебатирање и дискутирање на глобалните предизвици како климатски промени, економска нееднаквост, технолошки иновации и промени во геополитиката, нема друго место кое е поважно од Светскиот економски форум во Давос.

Иако на овогодинешниот собир присуствуваат околу 900 извршни директори и 60 претседатели и премиери отсуството на македонските политичари на Давос во 2025 година го истакнува предизвикот со кој се соочуваат помалите нации: Како да балансираат помеѓу различните приоритети во меѓународната дипломатија? Одлуката за присуство на инаугурацијата на Трамп можеби е во согласност со трансатлантската стратегија на земјата, сепак пропуштената можност на Давос за земја која го трасира својот пат кон интеграција во ЕУ и економски развој, ваквите форуми остануваат клучни за градење сојузи, привлекување инвестиции и обликување на нејзината улога на глобалната сцена.

Последните две години, во 2024-тата и 2023 – тата Претседателот Стево Пендаровски беше присутен на форумот во Давос, каде беше и говорник во различни панел дискусии.

Зошто Давос е важен?

Историски, Давос претставува значајна платформа за глобални и регионални стратегии. Во 2025 година, важните прашања за Европа што беа разгледувани на форумот вклучуваат:

Климатска акција: Европските лидери се на првата линија на напорите за постигнување нула емисии на јаглерод диоксид. Дискусиите на Давос беа насочени кон зелени енергетски транзиции, одржлив развој и технолошки напредок во обновливите извори на енергија.

Економска консолидација: Додека Европа сè уште се опоравува од пандемијата COVID-19 и енергетската криза предизвикана од конфликтот во Украина, форумот разгледуваше стратегии за економско закрепнување, вклучително дигитална трансформација и инвестиции во инфраструктура.

Геополитичка соработка: Форумот во 2025 година се фокусираше на зајакнување на трансатлантските односи, безбедносните предизвици во Источна Европа и навигацијата низ процесите на проширување на ЕУ.

Форумот кој се одржува од 20 до 24 јануари собра бројни политички лидери од целиот свет,
ветскиот економски форум во Давос 2025, кој се одржува од 20 до 24 јануари, собра бројни политички лидери од целиот свет. Меѓу присутните се: Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија, кинескиот претседател Динг Ксуексианг, Володимир Зеленски, претседател на Украина, српскиот претседател Александар Вучиќ, а свое обраќање преку видеолинк на 23 јануари ќе има Доналд Трамп, претседателот на САД.

Клучни одлуки и дискусии во 2025 година

На форумот во Давос во 2025 година беа претставени неколку значајни иницијативи, а тоа е ново партнерство за зелена енергија со што европските земји заедно со големи корпорации објавија повеќемилијарден фонд за забрзување на зелените енергетски проекти во Источна и Југоисточна Европа.
Потоа поддршката за Украина со што голем дел од фокусот беше насочен кон одржување економска и воена поддршка за Украина во услови на продолжена напнатост со Русија. Следна на листата е вештачката интелигенција и дигиталната политика. Форумот ги истражуваше етичките и регулаторните предизвици што ги поставува вештачката интелигенција, каде Европа ја водеше дискусијата за создавање глобална рамка за управување со AI.

Што изгубивме ние?

За Северна Македонија, учеството на Давос ќе беше вредна можност за да ја истакне својата регионална важност, како земја на патот кон членство во ЕУ, Северна Македонија можеше да го искористи Давос за да ги претстави своите реформи и да се усогласи со пошироките европски приоритети. Форумот ќе беше платформа за привлекување странски директни инвестиции, особено во областа на зелената енергија и дигиталната инфраструктура. Високите средби со лидери од ЕУ и глобални носители на одлуки ќе ја зајакнеа геополитичката позиција на земјата и ќе го унапредеа процесот на пристапување во ЕУ.

Соња Танеска

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Возете внимателно: Намалена видливост поради магла, можна појава на ситни одрони

Следно

Оскаровска Гала вечер со безвременски филмски хитови

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop