Штипски ученици ја одбележаа борбата против булингот со марш во розеви маички

February 26, 2025
1 min read

Средношколците од Средното општинско училиште (СОУ) „Коле Нехтенин“ денеска маршираа низ улиците по повод Денот на розевата маица, кога се крева гласот против врсничкото насилство. Тие во розеви маички маршираа до Основното општинско училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“ во Штип, а во оваа активност ги вклучија и учениците од ова училиште, кое е и најголемо во Општината.

Лилјана Манова, професорка во СОУ „Коле Нехтенин“-Штип рече дека целта на денешниот марш е да се намали врсничкото насилство, односно булингот меѓу учениците во училиштата.

„Денеска во нашето училиште се организира еден настан по повод денот на розеватаа маица или ден кога се подига гласот против училишното насилство. По тој повод нашата ученичка заедница организиравме настан, изработивме хамери и заедно до училиштето „Ванчо Прќе“ ќе направиме еден марш низ улиците“, изјави Манова.

Средношколците појаснија дека денеска е Меѓународен ден за борба против врсничкото насилство откако ученик во деветто одделение во Канада, доживеал насилство во училиштето, затоа што носел розова маица.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик осуден на една година затвор: „Од денес повеќе ја нема БиХ што ја замислувавте“

Следно

Врие пазарот од мед за „мераклии“! – Инспекторатот спие, чекаат приговори и поплаки

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop