Штип се прости од петтемина загинати во пожарот во Кочани

March 20, 2025
1 min read

Во колони долги по неколку стотина метри граѓаните на Штип денеска се простија од петтемина загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Последна почит им оддадоа на Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов.

Од најмладите Таневски и Ивановски граѓаните се простуваа во Соборниот храм „Свети Никола“, каде граѓаните со цвеќе и достоинствено и во тишина се простуваа од своите млади сограѓани.

Во црквата „Успение на Пресвета Богородица„ во штипско Ново Село штипјани се простија од баџанаците и членови на групата ДНК, Филип Стевановски и Александар Коларов, а во Црквата „Света Троица“ на Гробиштата во Штип граѓаните, роднините и пријателите се простија од Александар Ефремов, фотограф на ДНК.

Сите загинати беа погребани во гробиштата во Штип со почести од високи свештени лица на МПЦ-ОА.

На трите места каде се оддаваше последна почит на загинатите беа присутни тимови на Црвен крст и екипи на Прва помош.

Инаку, сите регионални и локални медиуми, како и дописниците на националните медиуми денеска не фотографираа и снимаа од погребот на петтемина штипјани, почитувајќи го барањата на дел од семејствата и пријателите на починатите да не се фотографира и снима.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата апелира: Медиумите кои емитувале материјали од погребот на жртвите да ги отстранат содржините и да не ги шират

Следно

ССНМ го осудува неетичкото известување на дел од медиумите од денешните погреби на жртвите од трагедијата во Кочани

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop