Штип ја прослави 34-годишнината од Независноста со културна програма и гости од цела Македонија

September 9, 2025
1 min read

Во штипската населба Балканска, во кругот на црквата „Свети Константин и Елена“, вчера беше одбележана 34-годишнината од Независноста на Република Македонија. Настанот започна со поздравни обраќања на повеќе истакнати говорници: претседателот на ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип Стојан Димков, градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов, претставникот на ОМО „Илинден“ од Пиринскиот дел на Македонија Кирил Тилев, претседателот на Сојузот на Македонците од егејскиот дел и децата бегалци „Македон“ Александар Јаневски и професорката Елка Јачева Улчар.

На свеченоста присуствуваа бројни гости од населбата Балканска и Штип, претставници на сродни здруженија од целата држава, како и градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов и советникот Никола Костадинов. Настанот го водеше секретарот на ЗМЕМ „Мирка Гинова“ Величе Николова.

Културно-уметничкиот дел беше збогатен со настапи на вокалната уметничка Моника Стојчева, фолклорната група „Русалии“ од Секирник со традиционалниот Танц на сабјата од Кукуш и КУД „Митко Алексов“ од Кочани со сплет ора од Егејскиот дел на Македонија.

 

ЗМЕМ „Мирка Гинова“ од Штип изрази благодарност до сите присутни, особено до градоначалникот Иван Јорданов за неговата поддршка на активностите на здружението. Посебна благодарност беше упатена и до Лефтер Манче – „дете бегалец“, кој и од Канада дава значаен придонес за зачувување и промоција на македонската култура и традиција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

7 трикови како да трошите повеќе калории додека пешачите

Следно

Интервју на Божиновска за Нова Македонија: Македонија чекори кон одржлива и фер енергетска транзиција

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop