Шпанскиот амбасадор од аеродром: Мицкоски чекаше ред како секој друг патник, пример за нормалност и едноставност

February 28, 2025
1 min read

Шпанскиот амбасадор во Македонија Рафаел Сориано Ортиз на социјалните мрежи напиша дека утринава го видел премиерот Мицкоски на скопскиот аеродром како чека да ги помине сите процедури, како и се кој останат патник.

-Утрово фатив лет за Истанбул. Во редот за туристичко пријавување го сретнав премиерот Христијан Мицкоски кој ги помина формалностите, вклучително и соодветните контроли, како и секој друг патник. Пример за едноставност и нормалност. Браво, напиша шпанскиот амбасадор на „X“.

Инаку, Мицкоски денеска е во посета на Турција каде ќе оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

На средбата, како што најавија од Владата, ќе се потпише заедничка политичка декларација за основање на Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија.

Овој Совет се основа се со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува молбата на Крстевска Цалева во полн состав

Следно

Петрушевски: СДС да го осуди и исклучи од ЦО Филип Андов Сокол, од затворот Шутка направил хотел, тешки криминалци излегувале кога сакаат

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop