Шпанската политичка партија Подемос повикува на бојкот на Израел на Евровизија

February 2, 2024
1 min read

ОВИЕДО (АА) – Шпанската крајно левичарска партија Подемос вчера во Парламентот официјално ја повика Владата да заземе јасен став против учеството на Израел на Евросонг, пренесува Анадолу.

„На Израел треба да му се забрани каква било меѓународна активност како тактика на притисок за да се запре геноцидот на палестинскиот народ“, напиша лидерката на Подемос, Ионе Белара, на социјалната мрежа Х.

Таа додаде дека сите земји би требало да повикаат на исклучување на „Израел од Евровизија“.

За овој предлог ќе се расправа и ќе се гласа во шпанскиот Парламент. Доколку биде усвоен, Владата на Шпанија би се обврзала да се обиде да ги убеди другите земји на ЕУ да го исклучат Израел од натпреварувањето за најдобра песна на Европа.

Владата, исто така, би го повикала државниот радиодифузер РТВЕ да го поддржи исклучувањето на Израел, токму онака како што тоа го стори со Русија во 2022 година.

Во предлогот на Подемос се наведува дека вредностите на Евровизија – универзалност, различност, еднаквост и инклузија – „се неспоиви со учеството на Израел“, кој ги крши човековите права и меѓународното право на Западниот Брег и во Газа.

„Од тој аспект, загрижувачки е дека настан како што е Евровизија би можел да ја прикрие ционистичката држава Израел пред очите на милиони гледачи. Особено кога во 2022 година Европската радиодифузна унија (ЕБУ) одлучи да ја исфрли Русија од натпреварувањето по инвазијата над Украина“, се вели во предлогот на Подемос.

Ова не се први повици за исклучување на Израел од Евровизија.

„Ова е масакр, геноцид. Тоа што Израел учествува кога за Русија е ставено вето… навестува уште една низа прашања што се однесуваат на парите“, рече Инес Хернанд, една од водителките на шпанскиот натпревар за избор на натпреварувач на Евровизија на конференцијата за новинари оваа недела.

Претходно оваа недела повеќе од 1.000 музички уметници од земјата домаќин Шведска, исто така, потпишаа отворено писмо повикувајќи на забрана на учество на Израел поради „бруталното војување во Газа“.

Слично писмо претходно потпишаа и 1.400 уметници од Финска и Исланд.

Како одговор на овие повици, ЕБУ соопшти дека Израел нема да биде исклучен од натпреварувањето, наведувајќи дека сака да го задржи статусот на натпреварување како „аполитички настан што ја обединуваа публиката низ светот преку музиката“.

Оваа година Евровизија ќе се одржи во шведскиот град Малме од 7 до 11 мај.

До 2023 година Израел 44 пати настапи на натпреварувањето за песна на Евросонг, победувајќи четири пати, 1978, 1979, 1998 и 2018 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог измените на Законот за рестриктивни мерки повлечен од собраниска процедура

Следно

Турската полиција фати седуммина осомничени за продажба на информации на израелски Мосад

Latest from Blog

Израелски војници приведоа екипа на CNN, која известувала за нападот врз Палестинците (ВИДЕО)

Но, наместо да ги притворат доселениците или да ја отстранат нелегалната населба, војниците се свртеа кон палестинските жители на селото Тајасир и тимот на CNN кој известуваше за упадот, пишува CNN. „Стоп!

Манасиевски: Филипче по насока на ПР шефот Башановиќ спремил програма на СДС, како да не беа до пред 2 години власт

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција упати остри критики кон новата програмска понуда на СДСМ и поранешниот министер за здравство Венко Филипче. „Да не беше смешно, ќе

Муцунски: Со техничката влада во Софија не можеме да преговараме

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во „Топ тема“ на телевизијата Телма рече дека имало иницијативи за состанок меѓу него, олеснувачи во меѓународните односи и тогашниот колега од бугарска
Go toTop