Шпанија во состојба на готовност поради обилните врнежи во источните и југозападните региони

March 4, 2025
1 min read

МАДРИД (АА) – Регионот Валенсија во Источна Шпанија и Канарските Острови на југозапад се во состојба на готовност поради обилните врнежи од дожд, јавува Анадолу.

Координативниот центар за итни случаи, поврзан со автономната Влада на Валенсија, објави дека е прогласено црвено предупредување во градовите Кастелон и Аликанте поради обилните врнежи.

Многу патишта во некои делови на Кастелон се затворени за сообраќај, наставата во училиштата е прекината, а активностите на отворено се одложени.

Надојдените води однесоа голем број возила, земјоделските површини се потопени, а има и делумен колапс на патиштата.

Во Кастелон се регистрирани речиси 200 литри дожд на еден квадратен метар.

Властите побараа од жителите да не се приближуваат до речните корита.

Дирекцијата за вонредни ситуации на Канарските Острови објави дека на многу места на островот Гранд Канарија е прогласена вонредна состојба поради обилните врнежи.

Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат како надојдените води носат возила во Кастелон и во Гранд Канарија.

Соопштено е дека е пронајдено и телото на 50-годишниот земјоделец што беше пријавен за исчезнат на 2 март кога имаше обилни врнежи во градот Лорка во Мурсија.

Инаку, 232 лица ги загубија животите во катастрофата предизвикана од поплавите што ја зафатија Шпанија на 29 октомври, кои особено го погодија регионот Валенсија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Слободан Трендафилов како портпарол на СДС, им враќа ли за претседателското место во ССМ?

Следно

Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop