Шпанија: Педро Санчез реизбран за премиер

November 16, 2023
1 min read

ОВИЕДО (АА) – По неколкудневни тензични дебати и протести, шпанскиот Парламент денес го реизбра Педро Санчез за премиер, овозможувајќи му да формира функционална Влада, јавува Анадолу.

Социјалистот Санчез ќе ја предводи прогресивната коалициска Влада заедно со левичарската партија Сумар, партнерство што ја води Шпанија од јануари 2020 година.

Од 350 члена на шпанскиот Парламент, 179 гласаа за Владата на Санчез, а 171 гласал против.

Без мнозинство, левичарската коалиција мораше да им се додворува на гласовите на регионалните партии од цела Шпанија. Владата беше поддржана и од шест други партии во поделениот Парламент на Шпанија – Републиканската левица на Каталонија (ЕРК) и Заедно за Каталонија; Баскиската националистичка партија (PNV) и баскиската партија ЕХ Билду; Галицискиот националистички блок (BNG) и Канарската коалиција од Канарски Острови.

Една од најконтроверзните отстапки за регионалните партии беше договорот склучен со каталонските сепаратисти за амнестија на вклучените во каталонското движење за независност. Во наредните месеци пратениците треба да го изгласаат законот за амнестија, иако опозицијата ќе го оспори на суд.

Договорот за амнестија предизвика гнев низ Шпанија. На улиците низ земјата излегоа стотици илјади демонстранти против договорот, а вечерните протести на екстремно десничарските активисти станаа насилни.

Пред денешното гласање демонстрантите се собраа околу Парламентот во знак на протест, некои фрлаа со јајца кон политичарите социјалисти.

За време на денешниот говор во Парламентот, портпаролката на социјалистите, Патси Лопез, ја предупреди шпанската конзервативна Народна партија за опасностите од подбуцнување на населението со хиперболи и говор што го обвинува Санчез за уништување на демократијата.

„Ако продолжите да го храните ѕверот, тој ќе ве проголта… можеби мислите дека ги напаѓаат социјалистите, но тие ја напаѓаат демократијата“, рече таа.

Шпанската крајно десничарска партија Вокс повика на „перманентни мобилизации“ против „нелегалната влада“, за која вели дека го уништува шпанското единство и го еродира владеењето на правото.

Народната партија, исто така, поддржува уште еден протест што може да прерасне во масовен, во сабота, против амнестијата.

Вчера Санчез вети неколку мерки за неговата претстојна администрација, меѓу кои и признавање на палестинската држава, продолжување на даночните намалувања на прехранбените производи, бесплатен јавен превоз за младите и невработените и задржување на данокот за богатите.

Шпанските гласачи излегоа на гласање кон крајот на јули, а земјата беше без функционална влада повеќе од 115 дена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Унгарија го смета за „акт на непријателство“ чекорот на Бугарија да ги зголеми транзитните такси за природниот гас

Следно

МЗ: Нема да се продолжи мандатот на организациската директорка на Завод за физикална медицина и рехабилитација во Скопје

Latest from Blog

Дијана Оу-Џи во „Ништо лично“: „Сакам да го истетовирам револверот на Владо Черноземски, само не знам каде да му најдам место“ (ВИДЕО)

Јавноста ќе ја запознае како пејачка, која жанровски ги негува новите стилови како рапот, трапот, ар ен би музиката… Остра на јазик, бескомпромисна во своите текстови, полни со гнев, уличен сленг, па

Изгледот на 13-годишната ќерка на Бијонсе предизвика критики: „Треба да го заштити детето“!

 Појавата на тинејџерката предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, од пофалби до критики. Бијонсе објави фотографија со нејзината мајка и ќерка на Инстаграм со опис: „Честитки, мамо, за твојата филантропска награда на

Фото: Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

Американската актерка посети медицински установи, вклучувајќи породилиште и детска болница во градот кој беше окупиран од Русија неколку месеци во 2022 година, пренесоа локалните медиуми. Локалниот функционер, Виталиј Богданов, објави на Фејсбук

СКОРО ПА И ГИ НЕМА: „МАЛИ ШАНСИ“ за косовската влада предводена од Коњуфца

Шансите Глаук Коњуфца, премиерот назначен од претседателот Вјоса Османи, да ја формира новата Влада на Косово се чинат минимални. Со обединетата поранешна опозиција околу идејата за нови избори, вториот обид на движењето
Go toTop