Шпанија ги повика земјите од ЕУ да го запрат извозот на оружје во Израел

October 18, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Шпанскиот премиер Педро Санчез го обнови својот повик до земјите членки на ЕУ што не ја признаваат Палестина да го прекинат извозот на оружје во Израел, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференцијата по состанокот на Европскиот совет во Брисел вчера, Санчез ја нагласи потребата од „доследност на Блискиот Исток и почитување на меѓународното право“. Тој ги повика земјите што сè уште не ја признале Палестина да престанат да му доставуваат оружје на Израел за да обезбедат доследност во своите политики.

Санчез потсети дека Шпанија го прекинала извозот на оружје во Израел на 7 октомври минатата година и ги охрабри другите нации да го следат примерот, со цел да се изврши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го запре ескалирањето на насилството во регионот.

Дополнително Санчез спомена дека Шпанија и Ирска го повториле својот повик за ревизија на трговскиот договор на ЕУ со Израел.

Тој одговори и на критиките на Нетанјаху за мировниците на ОН во Либан, наведувајќи дека силите на УНИФИЛ ќе останат во областа.

Со Резолуцијата 1701 на ОН, усвоена во 2006 година, се повикува на прекин на огнот меѓу Либан и Израел, воспоставувајќи демилитаризирана зона помеѓу Сината линија – границата Либан-Израел – и реката Литани, со тоа што само либански сили и УНИФИЛ беа овластени да дејствуваат таму.

Израел постојано ги гаѓаше позициите на УНИФИЛ во Јужен Либан последните денови, предизвикувајќи глобална осуда и загриженост за пошироките воени намери. Нападите се совпаѓаат со израелските воздушни напади врз наводните цели на Хезболах низ Либан.

Според официјалните извештаи, од крајот на септември во израелските напади врз Либан се убиени над 1.500 луѓе, повредени се повеќе од 4.500 и раселени се најмалку 1,34 милиони.

Врз основа на бројките на либанските власти, вкупниот број загинати во израелските напади од октомври минатата година сега надминува 13.000.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Претходната Влада на СДСМ и ДУИ ги ограбуваше граѓаните, ова Влада инвестира и реализира капитални проекти

Следно

Лазаров: Нема да си правиме притисок со бркање гол-разлики, туку само да победуваме

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop