Шортс потпиша за Панатинаикос

June 26, 2025
1 min read

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс е нов кошаркар на Панатинаикос, објави денеска грчкиот тим.

Шорц (27) потпиша двегодишен договор со Панатинаикос во кој доаѓа од редовите на Париз.

Новиот плејмејкер на клубот од Атина изминатата сезона му помогна на Париз во својата прва сезона во Евролигата да дојде до четвртфиналето во кое беше поразен од Фенербахче.

Шортс беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во плејофот во Евролигата, а во изборот за МВП во регуларниот дел од сезоната заврши на третото место зад својот нов клупски колега Кендрик Нан и Александар Везенков од Олимпијакос.

Изминатата сезона, Шортс беше лидер во Евролигата според бројот на асистенции (7,3 по натпревар), втор по индексот на корисност (22,8 по натпревар) и четврти според бројот на постигнати поени (19 по натпревар).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сан Франциско: Кулата Сутро ја пробива маглата, нудејќи надреална глетка

Следно

Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото име на Министерството за култура и туризам 

Latest from Blog

ПЛЕЈ – ОФ: Цеље не успеа да испише историја, ова се сите клубови кои ќе играат во Лигата на Шампионите(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/nkcelje/ Штета за Цеље, тим од Словенија кој вечерва не успеа за првпат во својата историја да се пласира во ЛШ односно во Лигашката фаза во најелитното клупско натпреварување во Европа. Од

Смрт поради лајкови: Нов опасен тренд ги залуди младите- возат во спротивна насока, сѐ снимаат и објавуваат

Од таканаречените „тинејџерски лудории“ на јавни простори во Соединетите Американски Држави, што доведоа до воведување на полициски час, до „предизвикот за затемнување“, за време на кој корисниците  намерно се задушуваат, виралните, а

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop