Шолц потсети на одговорноста на Германија за холокаустот

January 27, 2023
1 min read

Германскиот канцелар Олаф Шолц потсети на историската одговорност на Германија за убиството на милиони Евреи за време на нацистичкиот режим, јави германската новинска агенција ДПА.

– Не се заборавени страдањата на шест милиони убиени невини Евреи, ниту страдањата на преживеаните, напиша Шолц денеска на Твитер по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од холокаустот.

Преживеаната од холокаустот Розет Кац денеска одржа говор во германскиот Парламент. Претседателот на Бундестагот, Бербел Бас го отвори специјалниот настан, на кој присуствуваше и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер. Овогодишната комеморација се фокусира на луѓето прогонувани од нацистите поради нивната сексуална ориентација или идентитет.

На 27 јануари 1945 година, војниците на Црвената армија ги ослободија преживеаните од концентрациониот логор Аушвиц во Полска, окупирана од нацистите. Во Аушвиц беа убиени повеќе од милион луѓе, од кои најголемиот број Евреи.

Датумот се одбележува во Германија од 1996 година како Ден на сеќавање на холокаустот, а венци се положуваат во знак на почит на многу локации низ земјата.

Пред пратениците се обрати и Клаус Шидерван, претставник на ЛГБТ заедницата.

Меѓународниот комитет на Аушвиц направи паралела со руската војна во Украина. Комитетот утрово соопшти дека оваа година преживеаните во германските концентрациони логори се соочуваат со нови ужаси и страдања, а Денот на сеќавањето е секогаш болен за нив. Ова, заедно со сеќавањето на нивните заклани семејства и преостанатите затвореници, е ужасот на новата војна во Европа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Две вагон-цистерни со фосфорна киселина се излизгале кај Зајечар во Србија, нема опасност по животите на луѓето

Следно

Стоилковски: На се што испотпопишаа Владата денес имаме ситуација на студена војна меѓу Македонија и Бугарија, а премиерот и претседателот си играат аналитичари

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop