Шолц: Германската Влада ќе продолжи со дипломатските напори за спречување на регионална војна на Блискиот Исток

November 10, 2023
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц денес рече дека германската Влада ќе продолжи со дипломатските напори да спречи војната во Газа да се претвори во голем регионален конфликт, јавува Анадолу.

„Заедно со САД, нашите европски сојузници и нашите партнери во регионот, правиме сѐ што можеме дипломатски за да спречиме ова да се засили“, рече тој на воената конференција во Берлин.

Откако конфликтот меѓу Палестина и Израел ескалираше минатиот месец, Шолц постојано ги предупредуваше Иран и Хезболах да не интервенираат во конфликтот.

„Местото на Германија е на страната на Израел“, рече Шолц, додавајќи: „Ние ќе го поддржуваме Израел, секаде каде што е потребно, во остварувањето на правото на самоодбрана.“

Германската Влада вели дека носи историска одговорност за безбедноста на Израел поради нацистичкото минато на земјата и злосторствата извршени врз Евреите.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, денес ја започнува својата блискоисточна турнеја како дел од дипломатските напори на Берлин да ја запре натамошната ескалација на кризата.

„Министерката за надворешни работи Баербок планира да ги посети Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Израел“, се вели во соопштението на Министерството, без да се дадат дополнителни детали.

Конфликтот драматично ескалираше откако военото крило на Хамас изврши напад без преседан врз Израел на 7 октомври со истрелување илјадници ракети и испраќање стотици борци во израелските градови.

Израел одговори со непрекината кампања на воздушни и артилериски напади врз Газа, а неодамна ги прошири своите копнени операции за да го искорени Хамас. Цивилната инфраструктура, вклучително и болниците и бегалските кампови, исто така беа цел на израелските сили.

Според здравствените власти, досега загинати се најмалку 10.812 Палестинци, меѓу кои 4.412 деца и 2.918 жени.

Група експерти на ОН неодамна предупредија дека Палестинците се „пред сериозен ризик од геноцид“ бидејќи израелската Влада одржува целосна опсада на Појасот Газа.

Од ескалацијата на конфликтот, според израелските власти, речиси 1.600 Израелци се загинати, а над 5.400 се повредени во нападите на Хамас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стојановска: Во најновиот извештај на ЕК првпат стои дека нема никаков напредок во судството

Следно

Пронајдена марихуана во ранец на 17-годишна ученичка

Latest from Blog

Мицкоски: Верувам дека ќе бидеме во групата земји кои ќе имаат најповолни услови за извоз во САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата изрази уверување дека земјава ќе биде во групата држави кои ќе имаат најповолни услови за да извезуваат на американскиот пазар.  – Разговарано е со

Работата на отворен простор во Грција е забранета од пладне до 17 часот поради високите температури

АТИНА (АА) – Во Грција е забрането принудување на работниците да работат на отворен простор од 12:00 до 17:00 часот во региони каде што преовладуваат високи температури, известува Анадолу. Грчкото Министерство за

Маж нападнат со нож во струшко Враништа

На 06.07.2025 година во 17,30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, во близина на струшкото село Враништа, едно лице, започнало вербална расправија со С.Г.(51) од струшкото село Лабуништа по што, со

Стојанче Ангелов: Сѐ е во ред!

Втор ден пожар кај граничниот премин Блаце: ветерот и стрмниот терен ја отежнуваат битката со огнот Пламените јазици што вчера избувнаа крај магистралниот пат кон граничниот премин Блаце и денеска се шират

Муцунски вечер во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Хасани

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски вечерва во Охрид ќе го пречека албанскиот министер за надворешни работи Игли Хасани. Муцунски денеска е во работна посета на Хаг, каде ќе
Go toTop