Шолц: „Германија да спречи нерегуларна миграција, без суспендирање на правата за азил“

August 28, 2024
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц вети нови мерки за спречување на нерегуларната миграција, но ја отфрли можноста за суспендирање на правото за азил, поради повиците од опозициските партии за драстична ревизија на миграциската политика, јавува Анадолу

„Индивидуалното право на азил ќе остане на сила. Ова е во нашиот устав и никој не може да ја добие мојата поддршка за да го оспори ова“, рече Шолц доцна синоќа откако главната опозициска Демохристијанска партија (ЦДУ) предложи де факто замрзнување на прифаќањето бегалци.

Шолц најави дека полицијата ќе изврши повеќе контроли на копнените граници и ќе воведе построги мерки за депортирање на насилните престапници, но го одби повикот на опозицијата за целосно отфрлање на сите баратели на азил кои доаѓаат од Сирија и Авганистан.

„Би сакал јасно да го кажам ова: нема да ги прекршиме меѓународните договори потпишани од Германија. Ќе го почитуваме правото на Европската унија и секако нашиот устав“, изјави социјалдемократскиот политичар за јавната телевизија ЗДФ, додавајќи дека мерките против нелегалните мигранти и насилниците не треба да им наштетат на бегалците, на кои навистина им е потребна заштита во Германија.

– Влада под притисок

Владејачката коалиција на Шолц беше под притисок на опозициските партии по минатонеделниот напад со нож во Солинген, во кој три лица беа убиени, а осум други беа повредени од одбиен сириски барател на азил.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација ДЕАШ.

Властите соопштија дека осомничениот дошол во Германија во 2022 година, но тој не се квалификувал за статус на бегалец во земјата. Тој минатата година требаше да биде депортиран во Бугарија, првата земја во која тој влегол во ЕУ.

Најголемата германска опозициска демохристијанска партија побара „брзи одлуки“ од владата за драстична ревизија на миграциската политика и построги мерки за депортација.

Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, рече дека Германија треба да престане да прима бегалци од Сирија и Авганистан, а криминалните имигранти треба да бидат депортирани во нивните матични земји без одлагање.

Алис Ведел, копретседателката на екстремно десничарската партија АфД, повика на мораториум на имиграцијата најмалку 5 години и се залага за депортирање на сите нерегуларни мигранти кои моментално немаат легална дозвола за престој во Германија.

„Групите на луѓе со највисока стапка на криминал – првенствено Авганистанците, Сиријците и Ирачаните, кои нелегално престојуваат во Германија, мора да бидат депортирани“, истакна Ведел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изгаснат пожарот кај дебарското село Татар Елевци и депонијата во Могорче

Следно

Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи за лансирање

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на
Go toTop