Шок во Индонезија: Пронашле леопард пред хотелска соба, гостите во паника

October 6, 2025
1 min read

Леопард бил фатен утрово, кој успеал да влегол во хотелски комплекс и да предизвика паника кај гостите откако вработените го пронашле пред една од хотелските соби на вториот кат од хотел во Бандунг, една од најпопуларните туристички дестинации во Индонезија.

Бандунг е главен град на Западна Јава, најнаселената покраина во Индонезија.

Управата на хотелот веднаш ги повикале пожарникарите, кои потоа контактираа со локалната агенција за заштита на природата. „Користевме седатив и околу 10 часот наутро го извадивме леопардот од хотелот“, изјави за АФП Агус Аријанто, раководител на Агенцијата за заштита на природата на Западна Јава.

Избегал од Зоолошката градина

Кон крајот на август беше објавено дека леопард избегал од зоолошката градина, на само пет километри од хотелот. Но, Агус вели дека ќе биде потребно време за да се утврди дали станува збор за истото животно. Тој додаде дека „големата мачка во моментов полека се враќа во свест“ и дека ќе биде транспортирана во одделот за заштита на животните за набљудување.

Слични инциденти со диви животни кои избегале од зоолошката градина станаа почести во Индонезија во последните години. Во 2021 година, два бенгалски тигри избегаа од зоолошката градина во Синкаванг, Западен Калимантан, откако неколку дена обилни дождови направија дупка во близина на кафезот каде што престојувале.

Потоа, 47-годишен чувар на зоолошка градина и неколку други животни беа пронајдени мртви во близина на нивниот кафез. Едниот тигар на крајот бил убиен, а другиот бил фатен жив. Индонезиските зоолошки градини се под истрага веќе некое време.

Имено, администрациите на некои од нив се обвинети за суровост кон животните и лоши безбедносни стандарди.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Убиен судија во Тирана – ЗАСТРЕЛАН ВО СРЦЕ ДОДЕКА ЈА ИЗРЕКУВАЛ ПРЕСУДАТА

Следно

Раперката Карди Би влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)

Latest from Blog

Трамп им се закани со царина на сите земји што се противат на одземањето на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД да ја преземат контролата врз Гренланд. „Би можел да воведам царини за земјите

ВИДЕО: Мисајловски денеска најави дека во Армијата ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски денеска најави дека годинава ќе бидат примени уште 300 професионални војници. -Oбуката, новата опрема, модернизацијата, сето тоа влијае младите луѓе да ја почитуваат Армијата,

Македонското друштво „Илинден“-Тирана додели Благодарница на Народниот правобранител на Албанија

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на институцијата Народен правобранител на Република Албанија. Благодарницата “Илинден“ за 2025 година ѝ беше доделена на институцијата Народен правобранител на

Европска војска доаѓа на Гренланд – Белата куќа: Тоа нема да влијае на ставот на Доналд Трамп

На аеродромот во Нук, Гренланд слета воен транспортен авион на кралската војска на Данска. Со авионот пристигнаа и неколку војници. Каква опрема носат засега не е познато, иако пораките се дека ова

АВМУ: Инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржина и јутуберите да се регистрираат во Агенцијата

Од Агенцијата за аудио и аудиовузуелните медиумски услуги (АВМУ) ги информираат инфлуенсерите, влогерите, креаторите на содржини, јутјуберите, односно физичките лица кои се даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање, дека со измени
Go toTop