Шкендија испиша историја: По 8 години повторно македонски клуб во групна фаза на УЕФА!

July 31, 2025
1 min read

По пауза од осум години, Македонија повторно ќе има свој претставник во групна фаза на европско натпреварување под капата на УЕФА.

По историскиот настап на Вардар во сезоната 2017/18 во Лигата на Европа, сега тетовска Шкендија го следи тој пат и во најмала рака ќе настапи во групите на Конференциската лига.

Шкендија тоа го обезбеди со пласман во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите, откако вечерва извојува нова победа над ФЦСБ, овојпат со 1-2 во Букурешт, и со вкупни 3-1 го елиминира романскиот гигант.

Следен предизвик за тетовчани ќе биде силниот Карабах, а шансите за уште поголем успех се тука. Доколку ја поминат оваа пречка,

Шкендија ќе се најде во плеј-офот за Лигата на шампионите. Но и евентуален неуспех во тој двомеч нема да значи крај. Македонскиот шампион ќе продолжи во плеј-офот за Лига Европа или како најлошо сценарио, ќе игра во групите на Конференциската лига.

Со овој пласман, Шкендија не само што обезбеди европска есен, туку и највисока премија во историјата на македонскиот клупски фудбал со најмалку 10 милиони евра од УЕФА. Сумата ќе продолжи да расте во зависност од понатамошниот успех и настапите во групната фаза.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

КВИЗ: ЕУ за тебе, а ти за ЕУ?

Следно

Цивил: Либерализацијата на продажбата на муниција ја загрозува безбедноста и довербата на ЕУ во нашата земја

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Go toTop