ШК Мулти Есенс ја искористи својата прва шанса за пласман во елитната дивизија

July 15, 2024
1 min read

Шаховскиот клуб „Мулти Есенс“ е нов член на Првата шаховска лига во Македонија откако на одиграниот екипен турнир во Струга, меѓу екипите од Втората лига, по 9 кола, го зазеде второто место.

Турнирот се играше според Бергеровиот систем, а во своите девет настапи екипата немаше ниту еден пораз, односно забележа скор од седум победи и две нерешени средби, со што вкупно освои 16 бода.

Во конечниот пласман, зад ШК Нов напредок и ШК Мулти Есенс се најдоа МШК Центар со 13, ШК Кочани со 12, ШК Карпош со 10, ШК 7 Ноември со 8, ШК Ласкер со 5, ЖШК Прилеп со 5, ШК Шах Шех со 2 и ШК Шкендија со 2 бода.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија „сериозно“ ја сфаќа руската воена закана дека на нишан ќе ги има европските престолнини

Следно

„Свеж одмор“- нов тренд во годишните патувања

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop