Шевал Муареми, главниот осомничен во акцијата во Грчец е во бегство

January 26, 2024
1 min read

Судот им одреди мерка притвор на 5 лица уапсени во рамките на акцијата во Грчец. На едно лице му е одредена мерка претпазливост како обврска да се јавува редовно во Судот додека органите на прогонот работат на обезбедување на други осомничени лица во овој случај.

„На пет лица им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, додека на едно лице изречена е обврска за јавување и одземена му е патната исправа. Притвор е одреден и за 10 лица кои во моментов не се достапни од органите за кривично гонење“, велат од Кривичен суд.

Главниот осомничен како организатор на криминалната група Шевал Муареми е во бегство, а за неговата можна локација не се соопштува барем во оваа фаза од истрагата.Тој се сомничи дека заедно со Орхан Бајрами, убиен во Грција минатото лето и Јетон Кривањева, кој беше убиен во „Шиша бар“ во Скопје, создале криминална група во која се приклучиле повеќе лица кои, меѓу другото, извршиле убиства и обиди за убиства. Според полицијата, во 2021 година од оваа група биле убиени Африм Бериша и Бурим Вардари, додека во 2020 година бил убиен албански државјанин. Истрагата утврдила дека групата создадена од Муареми, Кривањева и Бајрами стои зад обидот за атентат врз Борис Мутков-Фантом во 2019 година во Бардовци.

„Како резултат на истрагата и обезбедените докази организаторот на групата Ш.М заедно со членовите на групата се обиделе да убијат едно лице во село Бардовци, убиство на албански државјанин чие тело е пронајдено на 15.05.2020 година во Горна Матка и двојното убиство што се случи на 05.03.2021 година кога во Скопје беа убиени А.Б и Б.В.“, велат од МВР.

Од податоците доставени преку дата базата на апликацијата „СКАЈ“ произлегоа имињата на многу соработници кои се вработени во државни институции. Министерот за внатрешни работи во заминување Оливер Спасовски изјави дека јавноста ќе биде изненадена од некои имиња кои истрагата ќе ги открие во иднина.

Групата е осомничена и за меѓународен транспорт на дрога – кокаин во два случаи во големи количини: првиот 435 килограми од Бразил, преку Белгија стигнале до Македонија и вториот пат од Перу до Амстердам и влегле на локалниот пазар. Дрога била транспортирана и од Албанија. Во рацијата на повеќе локации е одземена количина на наркотици, муниција и оружје, пари и луксузни автомобили. Обвинителството за организиран криминал и корупција ќе гони 16 лица за сторени кривични дела „трговија со наркотици“, „убиство“ и „обид за убиство“./алсат.мк

Адриан Керими

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пејачот Даниел Коцалев има нова песна: „Татко станав јас“ (ВИДЕО)

Следно

И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ХРВАТСКА НА НОЗЕ: Не остана имун на случајот со Северина, „тоа дете до сега сигурно полудело“, еве што најави дека ќе промени во земјата

Latest from Blog

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,

Божиновска алармира: Со вакво темпо, за родова еднаквост ќе ни требаат 57 години – жените во енергетиката ни се потребни денес

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, се обрати на настан организиран во рамки на проектот ELeVATE (2025–2028), посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за развој на

Млекара доминира со блок-трансакција, берзата стабилна со минимален пад на МБИ10 од 0.03%

Изготвено од Илирида Инвестментс АД Скопје, врз основа на официјални податоци од Македонска берза На берзанската сесија од 9 февруари 2026 година, индексот МБИ10 забележа минимален пад од 0,03% и ја заврши

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од
Go toTop