Шестмина загинати во пад на мал авион во морето кај Хондурас

March 18, 2025
1 min read

РОАТАН (АА) – Шест лица ги загубија животите откако мал авион со 17 патници се урна во морето во централноамериканската држава Хондурас, според првичните извештаи, јавува Анадолу.

Гувернерот на Роатан, Уго Варела, за новинарите изјави дека авионот полетал од аеродромот „Хуан Мануел Гавез“ кон градот Трухиљо, но набргу потоа се урнал во морето кај брегот на островот Роатан.

Варела потврди дека при операциите за пребарување и спасување досега се пронајдени телата на шестмина загинати, а спасувачките екипи продолжуваат со потрагата.

Според локалните медиуми, авионот се запалил откако паднал во морето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стефковски: Се потпишав во книгата на жалост која е отворена во Собранието на Република Македонија

Следно

Мбапе со остри зборови против Родри: Дали ви личи на играч за „Златна топка“?!

Latest from Blog

Go toTop