Шест пожари на отворено, 1 758 повици на 112 во последното деноноќие

October 28, 2024
1 min read

Во последното деноноќие имало регистрирано шест пожари на отворено на територија на цела држава и сите се изгаснати. Во Скопско имало еден, во Гевгелиско и Битолско по два и во Прилепско имало еден пожар на отворено, при што гореле запалена мешана шума, ниска вегетација, сртрништа, меѓи од ниви, трска, капини и врби, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Четворица пожарникарите од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 14:45 до 21:00 часот, со едно возило гаснеле запалена ниска вегетација и мешана шума во атарот на село Алдинци во Општина Студеничани.

ТППЕ Гевгелија вчера, од 11:35 до 13:35 часот, со едно возило и двајца пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација, меѓи и капини на површина од пет хектари во атарот на село Богородица. Пет пожарникари со две противпожарни возила вчера, од 13:00 до 17:00 часот, интервенирале на запалена ниска вегетација, меѓи, трска, капини и врби на површина од 10 хектари во село Милетково.

Пожарникарите од ТППЕ Битола вчера, од 10:15 до 13:35 часот, гаснеле запалено стрниште во село Лисолај, а од 18:00 до 13:35 часот, гаснеле запалена ниска вегетација во село Добрушево во Општина Могила.

ЦУК информира дека изминатото деноноќие пожарникарите на ТППЕ Битола имале уште една помала интервенција, како и пожарникарите од ТППЕ Прилеп.

РЦУК Скопје информира дека денеска се планирани и се реализираат четири крводарителски акции, со вработените во Средното училиште „Здравко Цветковски“ – Скопје, со вработените во ЈСП „Скопје“ во автобазата Ѓорче Петров, со вработените во Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ – Скопје и со вработените во СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.

ЦУК информира дека во последното деноноќие имало вкупно 1 758 повици на бројот за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 51,54 отсто, а 48,46 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 63,20 отсто, кон итната медицинска помош 28,62 отсто, а кон пожарникарите 4,46 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина

Следно

Уште 5 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади низ Газа

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите
Go toTop