Шест Палестинци загинаа во напад на израелски дрон во Тулкарем, на Западниот Брег

December 27, 2023
1 min read

ТУЛКАРЕМ (АА) – Шест Палестинци, меѓу кои тројца тинејџери, се убиени утрово, а неколкумина се повредени во напад на израелски дрон во бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкарем, во северниот дел на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Палестинското Министерство за здравство објави дека „телата на шест (Палестинци) пристигнале во владината болница Табет Табет во градот Тулкарем“.

Загинатите се идентификувани како Ахмед Анвар Хамаршех (19), Ахмед Абдел-Рахман Иса (19), Адхам Мухамад Фахмави (23), Јазан Ахмед Фахмави (23), Фарес Хусам Фахмави (29) и Хамза Ахмед Фахмави (17), соопшти Министерството.

Израелската војска изврши рација во бегалскиот камп Нур Шамс рано утрово и распореди снајперисти на покривите на зградите, предизвикувајќи судири со жителите на кампот, изјавија очевидци за Анадолу.

Тие додадоа и дека израелски дрон истрелал проектил што погодил одредена локација во кампот.

Израелската војска повеќе од еден час ги спречуваше медицинските тимови да влезат во кампот, а потоа им дозволи влез за да ги пренесат загинатите и повредените лица, се вели во соопштението на палестинската Црвена полумесечина.

Израелската војска, нема издадено никакво соопштение за нападот со дрон и смртта на Палестинците.

Тензиите се високи низ Западниот Брег откако на 7 октомври избија борби меѓу палестинските групи на отпорот и Израел во Газа.

Според палестинското Министерство за здравство, 311 Палестинци се убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 3.300 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Народниот правобранител ќе ги презентира состојбите со човековите слободи и права во 2023 година

Следно

Од први јануари поскапа струја заради СДС и ДУИ, власта лажеше дека нема да ја зголеми цената“

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop