„Шемата“ на рускиот импровизиран систем за мобилизација

May 24, 2024
5 mins read

Огласот за работа, испратен преку апликацијата WhatsApp, беше краток и сладок, наменет за потенцијален регрут: „Аплицирајте за позиција во национална железничка компанија и на крајот ќе се борите во „специјална воена операција“ (еуфемизам на Кремљ за војната во Украина).

„Регрутирањето продолжува, од Руски железници + Санкт Петербург + Министерство за одбрана. Ова е милион рубљи“.

Не е тајна дека руските воени команданти и политички претставници брзаат да го зајакнат бројот на војниците. Повеќе од 315 000 мажи се убиени или ранети од почетокот на целосната инвазија во февруари 2022 година, според проценките на САД. Британските власти го проценија бројот на над 400.000 војници.

И не е тајна ниту дека Кремљ се потруди да избегне втора мобилизација и повторување на шокот што го доживеа руското општество во септември 2022 година, кога претседателот Владимир Путин ја издаде таа наредба.

Но, како точно воените регрутери успеаја да го задржат бројот на војниците во услови на голем број на жртви – повеќе отколку што претрпе Советскиот Сојуз во целата 10-годишна војна во Авганистан, а притоа избегнаа непопуларна нова мобилизација, ги збуни надворешните набљудувачи.

Во реализацијата на ова, компаниите од приватниот сектор играат клучна и тешка за разбирање улога, покажува најновото истражување на рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

„Сите ги знам по нивните презимиња“

Во текот на првите месеци од инвазијата, воените команданти се потпираа на импровизиран систем на регрутирање за да привлечат доброволци да се борат во Украина.

Приватната платеничка компанија „Вагнер“ на Евгениј Пригожин беше пионер во серија креативни кампањи, нарекувајќи ги своите единици „оркестар“, а војниците „музичари“.

Вагнер, кој беше инкорпориран во Министерството за одбрана по неуспешниот бунт на Пригожин во јуни 2023 година и неговата смрт два месеци подоцна, исто така беше регрутираше војници меѓу затворениците, нешто што продолжува и денес.

Указот за мобилизација на Путин од 2022 година имаше за цел да регрутира 300 000 нови војници, користејќи дури и директни нацрт-наредби за воените резервисти. Наредбата го „запрепасти“ руското општество, предизвикувајќи егзодус на стотици илјади луѓе во места како Ерменија, Грузија и Централна Азија, со што пак се создаде недостиг на домашна работна сила за висококвалификувани, специјализирани работници.

Не сакајќи да користат задолжителен нацрт, властите исто така почнаа да нудат високи плати, бонуси и поволности за да привлечат војници. Во многу посиромашни региони, потпишувањето на бонуси, плус бенефициите за вдовиците и преживеаните од војната, ги намали вкупните годишни плати за многу луѓе, што според експертите претставува огромен трансфер на богатство од страна на Кремљ.

Но, властите, исто така, се потпираа и извршија притисок врз компаниите од приватниот сектор да помогнат во зајакнувањето на бројот на војници.

Големите државни компании како Руски железници-националната железничка компанија, користеле внатрешни и надворешни компании за „ловци на глави“ за да регрутираат луѓе да се борат во Украина, открива истражувањето на рускиот сервиc. Регрутирањето има за цел да ги исполни квотите поставени од регионалните и федералните власти, притоа избегнувајќи испраќање поквалификувани специјалисти, како инженери.

Откако контактираше десетина регрутери во неколку градови и се распраша за условите за потпишување на воен договор, дописникот на РСЕ доби порака за регрутирање од претставник на Руски железници, во која се ветува мешавина од плати и бонуси кои доаѓаат од компанијата и Министерството за одбрана.

Откако остварил контакт со регрутер, 55-годишна жена по име Ала Пронина, дописникот беше упатен во одделението за внатрешна безбедност на железничката компанија, каде што би била сместена фиктивната работна позиција.

Во Санкт Петербург билбордите и веб-страниците се полни соогласи за војници со договор.

Главната веб-страница на големата енергетска компанија Yugo-Zapadnaya CHPP во Санкт Петербург, ги поздравува читателите со голем банер, повикувајќи ги апликантите да се регистрираат како вработени, а потоа да продолжат да се борат во Украина. Компанијата ветува дополнителни 405.000 рубли (4.440 долари), како додаток на редовната сума обезбедена од Министерството за одбрана.

Активно регрутираат и компании за одржување на патишта и градежни компании. Еден регрутер за РСЕ изјави дека бонус од 400.000 рубли ќе добие од градскиот оддел на Градежниот комитет во Санкт Петербург.

Друг регрутер кој изгледаше како да ја претставува „Возрождение“, компанија за патишта и градежништво во Санкт Петербург контролирана од бизнисменот милијардер Игор Букато, се обиде да ја увери целната публика дека шемата за регрутирање надгледувана од компанијата е „100 проценти чиста“.

„Исто како и првите 1000 луѓе кои дојдоа пред вас, ќе ја добиете исплатата без проблем“, ни рече регрутерот, кој се претстави како Дмитриј, во гласовна порака до РСЕ.

„Имам 20 луѓе од Возрождение кои отидоа да се борат во Украина. Сите ги познавам по нивните презимиња“, уверува Марина, друг офицер за човечки ресурси од компанијата во телефонски разговор за РСЕ.

Компанијата не одговори на писмените прашања доставени од РСЕ, за дополнителни коментари. Градежниот комитет во Санкт Петербург и властите на градската администрација, исто така, не одговорија на прашањата на РСЕ за коментар.

„Донесете пријател“

Легалното постоење на Вагнер е во неизвесност уште од бунтот на Пригожин, иако експертите веруваат дека неговите деловни операции и воената хиерархија се инкорпорирани во Министерството за одбрана.

Сепак, Вагнер или луѓето кои се претставуваа како поранешни платеници на Вагнер, го користеа брендот на компанијата и маркетиншките логоа и продолжија да се рекламираат многу и да регрутираат, користејќи имиња како „Оркестарот“ или „Редот“.

Рекламите за „Редот“ првпат почнаа да се појавуваат на руските социјални мрежи во август 2023 година, околу еден месец по бунтот. Огласите за „Оркестарот“, кои се појавија во февруари 2024 година, се чини дека се насочени кон странци за регрутирање. Фотографиите објавени на социјалните мрежи сугерираат дека Индијците се меѓу најголемите неруски групи кои биле регрутирани.

Еден регрутер за „Оркестарот“ за РСЕ изјави дека странските регрути се обучуваат директно од офицери од 810-та посебна морска пешадиска бригада, единица која многу претрпе во раните месеци од војната.

Во централниот град Волжск, во февруари 2024 година, почнаа да циркулираат летоци со кои „ги повикуваат“ луѓето да аплицираат за вработување во фабриката за цевки Ниже-Волжски.

Покрај исплатите од регионалните власти и Министерството за одбрана, на потенцијалниот вработен му се ветува и еднократен бонус од 250 000 рубли (2.740 долари) од самата фабрика.

Освен тоа, секој што ќе донесе пријател за вработување и распоредување во Украина, добива дополнителен бонус од 50.000 рубљи (550 долари).

„Промоцијата е навистина добра, продајте го вашиот пријател за 50 000“, е еден од коментарите на социјалните мрежи.

Во други региони, локалните самоуправи и приватните компании спроведоа слични шеми, привлекувајќи регрути со дополнителни плаќања. Владата на централниот регион на Татарстан нуди бонуси за потпишување од 205.000 рубли (2.240 долари) од локални компании. Во регионот Јарослав, североисточно од Москва, локалниот бизнис наводно го удвоил износот на бонуси за потпишување во февруари 2024 година.

Регрутер од областа Самара за РСЕ изјави дека е можно да се оди во војна како вработен во Автоваз, голем производител на автомобили и важен работодавач во централна Русија. Во Вологда, друг регион североисточно од Москва, организација на ветерани поврзана со вселенската агенција Роскосмос, објави дека плаќа бонуси за потпишување договор од 300.000 рубљи (3285 долари).

Иако слободните работни места што ги пополнуваат потенцијалните апликанти се измислени, системот е строго организиран. По потпишувањето договор со приватна компанија, потенцијалниот регрут веднаш се упатува во локалната воена канцеларија за регистрација за да потпише договори со Министерството за одбрана. Ако некое лице се предомисли, не добива никаква исплата, а можно е дури и казна.

„Без долгорочно планирање“

Поголемиот дел од компаниите кои учествуваат во овие шеми за регрутирање на војската се чини дека се големи, приватни индустриски компании или државни претпријатија. Се чини дека ИТ компаниите или банките, не се дел од напорите за мобилизација.

Мотивацијата за учество е различна, велат експертите и регрутерите. Некои бизниси добиваат даночни олеснувања и грантови за регрутирање луѓе за војната во Украина.

Пронина, регрутер на Руски железници, за РСЕ изјави дека со учеството во овие напори за мобилизација, компанијата може да избегне да испрати свои квалификувани специјалисти да се борат.

„Компаниите имаат инженери на кои им треба долго време да се обучуваат. Компаниите мора да обезбедат одреден број волонтери за „војната“. И наместо овие волонтери, тие ќе ве одведат вас. Значи, тоа е убав бонус за вас и тие не мора да ги испраќаат своите инженери“, вели таа.

Павел Лузин, експерт за руската војска која моментално предава на Факултетот за право и дипломатија Флечер на Универзитетот Тафтс во Соединетите Држави, рече дека системот за регрутирање најверојатно е импровизиран под притисок на регионалните елити и регионалните гувернери.

„Нема долгорочно планирање во ова“, вели Лузин.

Регрутирањето со ветување за дополнителни бенефиции, според Лузин, е дизајнирано за „луѓето кои не се најпаметни, оние без јасни морални принципи“.

Извор: slobodnaevropa.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЌЕ СЕ ИСПОЛНИ ПРОРОШТВОТО ЗА КАМИЛА: Ја стигнува кармата за сѐ што ѝ направи на Дијана особено во 1986-та, еве што открива познат астролог

Следно

Собранието на ЕФЈ во Приштина го усвои текстот на ЗНС на резолуцијата за убиени и исчезнати новинари на Косово

Latest from Blog

Поднесено обвинение за бесправна градба во Скопје – хотел изграден без дозвола

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 60-годишник, во текот

Да помогнеме македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава, се бараат дизајнери, волонтери и донации

Група информатичари и волонтери ги вложуваат сите свои знаења и капацитети да го подготват македонскиот јазик да ја преживее дигиталната поплава и да стане автентичен и препознатливо самостоен јазик кој ќе си

Поранешниот претседател Иванов на 10-от глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН во Португалија

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествувал на 10-тиот Глобален форум на Алијансата за цивилизации на ОН – УНАОК на тема „Обединети во мир: враќање на довербата, преобликување на иднината – Рефлексија на две

Откажан Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум бидејќи пропадна тендерот за организацијата

Советот на министри го откажа Самитот на лидерите на Западен Балкан во Неум, бидејќи пропадна тендерот за организација на тој настан, јавија сараевските медиуми. За организатор беше избрана фирмата „Мајндсет“, но по
Go toTop