Шефовите на дипломатија Фидан и Лавров разговараа за Украина

March 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Министрите за надворешни работи на Туркије и Украина, Хакан Фидан и Сергеј Лавров денес телефонски разговараа за ситуацијата во врска со руско-украинската војна, известува Анадолу.

Разговорот се случил пред учеството на Фидан на лидерската средба за Украина, најавена за недела во Лондон, каде денеска пристигна и украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Британскиот премиер Кир Стармер претходно изјави дека тој ќе биде домаќин на средба на високо ниво во Лондон во недела и дека „се радува на учеството на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан во разговорите“.

Министерот Фидан ќе размени мислења за клучните аспекти на тековната војна меѓу Русија и Украина, вклучувајќи ја и последната иницијатива за преговори предложена од американскиот претседател Доналд Трамп.

Шефот на турската дипломатија ќе ги наведе и потенцијалните придонеси на Туркије во овој процес и ќе ја повтори нејзината посветеност за праведен и траен мир, како и поддршката за територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина.

Фидан дополнително ќе ја нагласи подготвеноста на Анкара да ја продолжи својата посредничка улога, како што беше случајот со директните преговори меѓу Русија и Украина во март 2022 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ристески: Најнедисциплинираните маркети може да бидат затворени

Следно

Намалена суспензијата и паричната казна на Мурињо

Latest from Blog

Плусинфо: Дивите реновирања во последната година главна причина за трагедијата во Кочани

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ секојдневно се разоткрива пред очите на јавноста, како комплексен мозаик од технички хаос и човечко страдање, каде секое ново рочиште дополнително ја зацврстува тезата дека вистинските причини

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар
Go toTop