Шефот на УНРВА: Прекинот на огнот меѓу Иран и Израел би можел да го пренасочи вниманието кон тешката состојба во Газа

June 25, 2025
2 mins read

БЕРЛИН (АА) – Шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, изрази надеж дека најавениот прекин на огнот меѓу Иран и Израел ќе трае и ќе овозможи меѓународната заедница повторно да се фокусира на катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа, јавува Анадолу.

„Точно е дека вниманието кон Газа драстично се намали последната недела, но ситуацијата таму продолжува да се влошува. Секојдневно се случуваат воени напади, луѓето постојано се во движење“, изјави Лазарини во интервјуто за Анадолу.

Тој нагласи дека израелската блокада за влез на хуманитарна помош во Газа дополнително ја продлабочила кризата, а новиот систем за дистрибуција на помош, воведен од Израел, претставува „смртоносна замка“ што одзема повеќе животи отколку што спасува.

„Имаме абоминација од нов хуманитарен систем, каде што луѓето се чувствуваат заробени и се прашуваат – дали да ги оставам децата да гладуваат или да излезам по помош со ризик да бидам убиен?“, рече Лазарини.

„Во Газа имаме апсолутно ужасна состојба, која многумина ја опишуваат како дистопична, постапокалиптична реалност, која бара итно внимание од меѓународната заедница“, истакна тој.

Лазарини изрази надеж дека прекинот на огнот меѓу Иран и Израел – постигнат со американски притисок – ќе биде одржлив и ќе создаде простор за деескалација и фокус на ситуацијата во Газа.

„Се надевам дека ќе потрае. Потребна е деескалација во регионот. Блискиот Исток не може да си дозволи проширување на конфликтот“, рече тој.

„Искрено се надевам дека овој прекин на огнот ќе овозможи фокус на примирјето во Газа, ослободување на заложниците, укинување на блокадата и непречено доставување хуманитарна помош“, додаде тој, потенцирајќи дека ОН и хуманитарните организации треба да имаат пристап до теренот.

„Имаме експертиза, ресурси и капацитет. Во текот на примирјето докажавме дека може да го спречиме ширењето на гладот. Хуманитарната помош – храна и основни продукти – чека надвор од Газа, во Ашдод, Јордан, Ел-Ариш, само треба да се дозволи влез“, рече тој.

И покрај нападите, апсењата и постојаните притисоци од израелските власти, УНВРА продолжува да обезбедува основни услуги за Палестинците. Од октомври 2023 година во израелските напади врз Газа загинале речиси 320 вработени во агенцијата.

Лазарини остро го критикуваше новиот израелски механизам за хуманитарна помош, нарекувајќи го понижувачки и деградирачки за очајните луѓе.

„Овој механизам е смртоносна замка – поставена во близина на израелски воени позиции, што привлекува млади луѓе. И видовме дека токму таквите ситуации водат до масовни убиства секој ден“, рече тој.

„Тоа е механизам што ги исклучува најслабите – постарите, децата, домаќинствата водени од жени. Тоа не е систем дизајниран за решавање на хуманитарната катастрофа“, нагласи Лазарини.

Откако Израел ја започна својата воена кампања во Газа во 2023 година, повеќе од 56.000 Палестинци се убиени, а над 100.000 се ранети, повеќето од нив жени и деца.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за своите воени дејства во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонско МНР: Евакуирани мајка и три деца од Тел Авив до Атина

Следно

Лука Модриќ постигна договор со италијанскиот Милан

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop