Шефот на СЗО: Заканите за евакуација на болницата Ал Кудс во Газа се длабоко загрижувачки

October 29, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Извештаите на палестинската Црвена полумесечина за заканите за евакуација на болницата Ал Кудс во Газа се длабоко загрижувачки, рече денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, јавува Анадолу.

„Повторуваме – невозможно е да се евакуираат болници полни со пациенти без да се загрозат нивните животи“, напиша Гебрејесус на X.

Додаде дека здравството секогаш мора да биде заштитено со меѓународното хуманитарно право.

Претходно, палестинската Црвена полумесечина објави дека израелските сили се заканиле со бомбардирање на болницата Ал Кудс во Газа и побарале нејзино итно евакуирање, како и дека утринава е погодено подрачјето околу болницата.

„Израелските сили се заканија дека ќе ја бомбардираат болницата Кудс во Газа и побараа од нас веднаш да ја евакуираме. Подрачјето околу болницата е погодено утрово“, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Судирот во Газа започна на 7 октомври кога Хамас ја започна операцијата Поплава Ал-Акса – повеќестран ненадеен напад со канонада од ракетни лансирања и инфилтрација во Израел преку копно, море и воздух.

Хамас рече дека нападот е одмазда за упадите во џамијата Ал Акса и насилството на еврејските доселеници врз Палестинците. Тогаш израелската армија започна немилосрдно бомбардирање на Појасот Газа.

Во израелските напади врз Газа од 7 октомври загинаа 8.005 Палестинци, соопшти денес Министерството за здравство во палестинската енклава под опсада.

Министерството наведе дека загинале 3.342 деца, 2.062 жени и 460 стари лица.

Околу 2,3 милиони жители на Газа се борат со недостиг од храна, вода и лекови поради масовното израелско воздушно бомбардирање и целосната блокада на енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Електричните коли дигаат рачна

Следно

Почина затвореник од „Шутка“

Latest from Blog

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop