Шефот на СЗО беше на аеродромот во Сана во моментот на израелското бомбардирање

December 26, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) денес изјави дека бил на јеменскиот аеродром во Сана кога израелските воздухопловни сили извршеле бомбардирање, известува Анадолу.

„Додека се подготвувавме да се качиме на нашиот лет од Сана, пред приближно два часа, аеродромот беше подложен на воздушно бомбардирање. Еден од членовите на екипажот на нашиот авион беше повреден“, објави на Твитер шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Претходно беше потврдено дека најмалку три лица загинале во израелски воздушен напад на меѓународниот аеродром во Сана.

„Кулата за контрола на летање, чекалната за поаѓање – само неколку метри од местото каде што бевме, и пистата се оштетени“, изјави шефот на СЗО, додавајќи дека мисијата морала да почека штетата на аеродромот да се поправи пред да можат да го полетаат.

Гебрејесус наведе дека неговите колеги и тој се безбедни и изрази искрено сочувство до роднините на оние кои ги загубија животите во нападот.

Шефот на СЗО и неговите колеги беа во Јемен за да преговараат за ослободување на притворениот член од персонал на ОН и да ја проценат здравствената и хуманитарната ситуација во земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР ќе ги презентира резултатите од работата, најавено присуство на Мицкоски

Следно

Каракамишева во „Наткаст“: Крајот на годината ја стави државата во еден организиран правен поредок

Latest from Blog

Халанд само под еден услов може да дојде во Реал Мадрид

Според шпанските медиуми, норвешкиот голгетер поставил јасен услов за неговото евентуално доаѓање во Реал Мадрид. А тоа не е ниту платата, ниту должината на договорот, ниту клаузулите. Станува збор за тренерот. Наводно,

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат
Go toTop