Шефот на НАТО и заменик-министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија разговараа за регионални прашања

December 13, 2023
1 min read

РИЈАД (АА) – Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на неговата посета на главниот саудиски град Ријад, се состана со саудискиот заменик-министер за надворешни работи Валид ал Кураји, јавува Анадолу.

Столтенберг вчера беше примен од саудискиот заменик-министер за надворешни работи, Ал Кураји.

„За време на приемот беа разменети мислења за регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес“, соопшти Министерството, додавајќи дека посетата на Столтенберг е прва од ваков вид на Кралството.

Столтенберг се очекува да се состане со саудискиот министер за одбрана Калид бин Салман ал Сауд и со други највисоки саудиски претставници за време на неговата дводневна посета.

Советот за соработка на Персискиот Залив вчера соопшти дека нивниот генерален секретар Јасем Албудаиви имал телефонски разговор со Столтенберг.

Според соопштението на Советот, Албудаиви побарал да престане израелската војна против Газа.

Лидерите разговараа за „последните случувања во Појасот Газа и за начините за подобрување на односите меѓу двете страни“, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Генералното собрание на ОН усвои резолуција со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа

Следно

Спасовски излажа за возилото на Жежовски, потврда за тоа е телеграмата од СВР Велес, до сите СВР во Македонија

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop