Шефицата за надворешна политика на ЕУ го осуди пропаѓањето на прекинот на огнот во Газа

March 24, 2025
1 min read

ЕРУСАЛИМ (АА) – Шефицата за надворешни работи Каја Калас денес изјави дека со пропаѓањето на договорот за прекин на огнот во Газа се предизвикани огромни човечки загуби, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференција во Ерусалим заедно со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, Калас нагласи дека нејзината посета доаѓа во исклучително тежок момент поради обновените судири во регионот.

Таа повика на повторно воспоставување прекин на огнот, оценувајќи дека тоа е „единствен изводлив начин за запирање на страдањата на сите страни“.

„Насилството раѓа ново насилство“, рече Калас, истакнувајќи дека ескалацијата создава „неподнослива неизвесност“ за Израелците кои сè уште се заробени во Газа и нивните семејства, додека за палестинскиот народ носи „ужас и смрт“.

Според израелските процени, во Газа сѐ уште се држат 59 заложници, а најмалку 24 од нив се живи. Тие требаше да бидат ослободени според договорот за прекин на огнот што беше прекинат минатата недела кога израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди воздушни напади врз Газа.

Израелската армија уби над 700 Палестинци и повреди повеќе од 1.000 лица од почетокот на ненадејната воздушна кампања на 18 март и покрај тоа што во јануари беше постигнат прекин на огнот.

Убиени се повеќе од 50.000 Палестинци, главно жени и деца, а над 113.000 се повредени во бруталната израелска воена офанзива врз Газа од октомври 2023 година.

По прекршувањето на прекинот на огнот, Израел објави дека ќе ги засили воените операции против Хамас, одбивајќи нови предлози за примирје.

Од друга страна, пак, Хамас го обвини Израел дека ги прекршил своите обврски пред посредничките земји и дека продолжува со геноцидот врз Палестинците во Газа.

Најновата израелска офанзива се случува во период на политички превирања, вклучително и контроверзното разрешување на директорот на Шин Бет, Ронен Бар, од страна на премиерот Бенјамин Нетанјаху.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љатифи Азизи: Денеска од болниците ќе бидат отпуштени 16 пациенти кои досега се лекувале во земјава

Следно

Со купен билет за мечот со Велс сите помагаме: Омерагиќ купи 300 билети за утрешниот дуел

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop