Шефицата на УНИЦЕФ повика да се стави крај на бесмисленото убивање деца во Рафа

May 27, 2024
1 min read

ХАМИЛТОН (АА) – Извршната директорка на Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, денес повика да се стави крај на бесмисленото убивање деца по израелското бомбардирање на шаторите во кои беа сместени раселените Палестинци во Рафа, на југот од Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Сликите на изгорени деца и семејства од бомбардираните шатори во Рафа нѐ шокираат сите. Убивањето деца кои се засолнуваат во импровизирани шатори е несовесно“, напиша Расел на социјалната мрежа Х.

Предупредувајќи на сериозноста на ситуацијата, првиот човек на УНИЦЕФ рече дека светот е сведок на трагедијата во Појасот Газа повеќе од седум месеци.

Расел повика на итен прекин на огнот, безусловно ослободување на сите заложници и крај на бесмисленото убивање на децата.

Најмалку 40 лица се убиени, а десетици беа повредени синоќа во израелскиот напад на камп во безбедната зона во Рафа, во кој се сместени раселените лица.

Нападот се случил во близина на логистичката база на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) во Тал ал-Султан.

Израелските авиони гаѓале неколку шатори во тоа подрачје, соопшти Канцеларијата за медиуми, додавајќи дека во нападот се користени ракети и бомби.

Претходно Цивилната заштита на Газа соопшти дека по бомбардирањето транспортирале 50 луѓе, вклучувајќи убиени и ранети. Споменатото подрачје им дава засолниште на најмалку 100.000 раселени лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Столтенберг навива Украина да почне да гаѓа во Русија

Следно

Куманово: Водата сè уште не е за пиење, се чекаат резултатите

Latest from Blog

Ученици од „Партенија Зографски“ во посета на БРАКО – едукација за роботско производство и индустриски технологии

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили

ОВАА ЖЕНА ОТВОРЕНО ГО ПОТВРДИ она што Трамп и Нетанјаху го избегнуваа со недели

Разликата меѓу целите на САД и Израел во нападот врз Иран се чувствуваше уште од самиот почеток на операцијата, почна да излегува на површина со првите израелски напади врз иранските резервоари за

Интервенција на пожарникари: Девојка паднала во провалија

Денес, во раните утрински часови пожарникарите-спасители од ТППЕ Струмица интервенираа на извлекување на паднато женско лице (девојка) од провалија под Цареви Кули, на место викано Црвен Дол. -Станува збор за исклучително тежок
Go toTop