Шаленберг го оцени како катастрофален можниот влез на Украина во ЕУ пред земјите од Западен Балкан

May 22, 2023
1 min read

Со тоа што во процесот на европска интеграција би ѝ се дало предност на Украина пред земјите од Балканот, вели шефот на австриската дипломатија, тоа би можело да ја загрози стабилноста на Западниот Балкан и дополнително да го зголеми влијанието на Кина, Русија, Турција или други земји

Би било катастрофално ако Украина и Молдавија влезат во Европската Унија преку брза лента, а земјите од Западен Балкан да останат на страна, вели министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг во интервју за германскиот весник „Велт“.

Тој вели оти Украина треба да ѝ се приклучи кон Унијата веднаш штом ќе ги исполни обврските, но дека таа не треба да биде приоритет за ЕУ.

„Украина ќе влезе во ЕУ веднаш штом ќе се исполнат условите. Не треба да има двостепено општество. Во Солун пред 20 години им ветивме на земјите од Југоисточна Европа дека ќе ни се придружат“,

кажа Шаленберг во интервјуто за „Велт“.

Александар Шаленберг, министер за надворешни работи на Австрија
Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Со тоа што во процесот на европска интеграција би ѝ се дало предност на Украина пред земјите од Балканот, вели Шаленберг, тоа би можело да ја загрози стабилноста на Западниот Балкан и дополнително да го зголеми влијанието на Кина, Русија, Турција или други земји.

Говорејќи за руско-украинскиот конфликт, шефот на австриската дипломатија смета дека Западот треба да продолжи да преговара со Русија, како што тоа го прави американската Влада, бидејќи, како што вели, оваа земја е најголемиот географски сосед на ЕУ и најголемата нуклеарна сила на планетата.

Украина во февруари минатата година поднесе барање за влез во Европската Унија, а во јуни доби кандидатски статус. Киев очекува дека влезот во ЕУ ќе се случи многу брзо, но ставот на европските политичари е дека постапката нема да се забрза и дека Киев мора да исполни многу услови, вклучително и интензивирање на борбата против корупцијата.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Работилница за рачна изработка на гитари и ликовна колонија ќе бидат дел од Котон блуз фестивал во Скопје

Следно

Шолц претпочита реизбор на Бајден: Освен за САД, изборот на Трамп би бил лош и за Германија

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop