Шабал: Ништо не се сеќавам на својата кариера

April 13, 2025
1 min read

Легендата на рагбито и поранешен француски репрезентативец Себастијан Шабал (47) откри во едно телевизиско гостување дека има сериозни проблеми со помнењето и дека не се сеќава буквално на ниту еден момент од својата кариера.

Препознатлив по долгата коса, густа брада и немилосрдните стартови на теренот, Шабал имаше исклучително успешна кариера што траеше 16 години.

Со француската репрезентација постигна одлични резултати, а во англискиот Премиершип стана шампион. За Франција, „Пештерскиот Човек“ – како што го нарекуваа поради својот изглед – настапи 62 пати, а на Светското првенство во 2007 година го освои четвртото место.

„Не се сеќавам на ниту една секунда од ниту еден натпревар во кој сум играл. Не се сеќавам на ниту една од 62-те изведени химни пред натпреварите. Не се сеќавам на ништо од кариерата. Понекогаш ѝ велам на сопругата дека никогаш не сум играл рагби“, откри Шабал и додаде дека поради проблемите со меморијата не оди на лекарски прегледи.

„Зошто би се мачел? Сеќавањето и онака нема да се врати. Ја откривам својата реалност одново.“

На врвот на својата популарност, Шабал беше избран за најпопуларен спортист во Франција – зад себе ги остави дури и фудбалската легенда Тиери Анри и иконата на рели спортот Себастијан Леб.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ЈА СКИНА МРЕЖАТА“ – фантастичен гол на Кристијано Роналдо (ВИДЕО)

Следно

Девет години од Шарената револуција: Отпор, боја и достоинство

Latest from Blog

Меџити: Продолжуваме со реализацијата на мастер-планот за урбан развој на Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со урбанистот и архитект од Турција, Бајрам Вардар, изврши теренски увид во реализацијата на проектите опфатени со мастер-планот за урбан развој на општината. При посетата

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ. Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август,

Тоневски: Нов асфалт и тротоари за подобра сообраќајна безбедност во Пробиштип

Дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип се реконструира за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот предвидува целосно отстранување на стариот

ВЕРО Центар ја слави традицијата со манифестацијата „Домашно со љубов“

Скопје, 17 октомври 2026 – Мирисот и вкусот на домашното, традиционалните ракотворби и вредностите што се пренесуваат од генерација на генерација се во фокусот на манифестацијата „Домашно со љубов“, која од 16
Go toTop