Сезонскиот грип го достигнува пикот, болницата „Козле“ преполна со болни деца

January 7, 2026
1 min read

Сезонскиот грип го достигнува пикот. Многу граѓани празниците ги поминуваат во болниците. Во Клиниката за белодробни заболувања за деца во Козле, Скопје, се работи со полн капацитет.

Ходниците се исполнети со родители и деца кои се жалат на долгото чекање.

За време на викендот, само во оваа болница биле прегледани околу 800 пациенти, што е исклучително висок број за 48 часа.

Специјалистот педијатар Елена Ѓиновска-Тасевска изјави дека во текот на вчерашниот ден биле третирани околу 150 деца. Бројката расте и денес, при што има околу 100 хоспитализирани деца, 6 се на апарати за кислород.

„Грипот, односно инфлуенцата, го достигна својот пик, така што најчестите симптоми се зголемена телесна температура, намален апетит и кашлица. Капацитетот во моментов навистина е исполнет, остануваат само неколку слободни кревети. Околу сто деца се хоспитализирани, од кои шест со потешка клиничка состојба се на кислородна поддршка. Останатите се стабилни и во моментот имаме само неколку места кои ги чуваме за поитни случаи на кои може да им биде потребно болничко лекување“, рече Ѓиновска-Тасевска.

Симптомите на грипот се слични на оние на коронавирусот, поради што од Министерството за здравство апелираат за што помасовна вакцинација.

Министерот изјави дека досега против сезонски грип се вакцинирани 77 илјади граѓани и додаде дека сè уште не е достигнат врвот за Комисијата за заразни болести да даде дополнителни препораки.

„Останати се уште околу 3 илјади вакцини кои граѓаните можат да ги искористат без претходна пријава во системот за вакцинација, туку директно да се упатат во здравствените установи. Ова е единствениот начин на кој можеме да ги заштитиме граѓаните што спаѓаат во чувствителни категории, како што се повозрасните лица, бремените жени, здравствените работници и слично“, вели Алиу.

Препораките на лекарите се граѓаните да ги избегнуваат собирите, престојот во затворени простории и да се придржуваат кон личната хигиена. Исто така, се препорачува превентивно земање витамини и додатоци во исхраната за зајакнување на имунитетот. Бидејќи вирусните инфекции се исклучително заразни, лекарите советуваат децата да не се носат веднаш во болница при првите симптоми, за да не дојде до дополнително влошување, туку најпрво да се започне со домашно лекување или преку матичниот лекар да се добие соодветна терапија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕДИНСТВЕНА ЕУ ДРЖАВА ШТО НЕ ГО ПРИФАТИ: Што и пречи на Бугарија во Акцискиот план?

Следно

Божиќна честитка од ВЛЕН: Нека празникот донесе здравје и благосостојба

Latest from Blog

Виткоф: Тамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ под притисокот од САД

Претседателот на САД Доналд Трамп е изненаден зошто Иран сè уште не „капитулирал“ и не се согласил да ја ограничи својата нуклеарна програма, со оглед на тоа што Вашингтон акумулира огромни воени

Минималната плата, инфлацијата и реалноста на македонското стопанство

Деновиве во државата се води жестока дебата, проследена со радикализација на активностите на таканаречените „државни синдикати“, кои бараат зголемување на минималната плата со цел работниците да можат да ги следат растечките трошоци

Иванов: Треба да го прифатиме економското интегрирање во ЕУ, но и ние секој ден и подаруваме по 500 000 евра

Со оглед дека Европската Унија продолжува со својата недоследност и стратегија на подвижни цели, листата на неостварени очекувања постојано се зголемува. Меѓутоа, доколку навистина се стави на маса проект којшто ќе оозможи

Проданоски: Прилеп повторно достоен домаќин на меѓународен карневал

Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски
Go toTop