Севернокорејскиот лидер нареди приправност за војна против САД

December 29, 2023
1 min read

СЕУЛ (АА) – Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун им нареди на вооружените сили на земјата да се подготват за војна со Соединетите Американски Држави (САД) и го обвини Вашингтон за актуелната тензичност на Корејскиот Полуостров, пренесува Анадолу.

За време на вториот ден од 9. пленарен состанок на Централниот комитет на Работничката партија на Кореја, Ким Џонг-ун рече дека САД се вклучени во судир без преседан против Северна Кореја.

„Ким ѝ нареди на Народната војска, наменската индустрија и секторот за цивилна одбрана дополнително да ги забрзаат подготовките за војна“, објави Корејската централна новинска агенција.

Ким најави и дека ќе ги прошири односите за стратешка соработка со „антиимперијалистичките и независните земји“.

Ким минатата недела предупреди дека неговата земја нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад доколку биде испровоцирана од непријател со нуклеарно оружје.

Пјонгјанг неодамна ја тестираше интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-18 со цврсто гориво, што ги зголеми тензиите во регионот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп е отстранет од гласачкото ливче на претседателските прелиминарни избори во Мејн

Следно

Во израелското бомбардирање на Газа загинаа најмалку 45 Палестинци, голем број повредени

Latest from Blog

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop