Севернокорејскиот лидер ја повика армијата да ги засили подготовките за војна

December 28, 2023
1 min read

Експерти веруваат дека од Северна Кореја се очекува, освен во зголемувањето на својот нуклеарен капацитет, наредната година да преземе чекори и во насока на проширување на соработката со Русија и Кина, исто така земји ривали на САД

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им нареди на војската, индустријата за муниција и нуклеарно оружје на земјата да ги забрзаат подготовките за војна за да се спротивстават на, како што вели, невидените конфронтирачки потези на САД, објавија денеска тамошните државни медиуми, пренесува Ројтерс.

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џон Ун / Фото: Архива

Говорејќи за политичките насоки за следната година на клучниот состанок на владејачката партија во земјата, Ким, како што објавила државната новинска агенција КЦНА, рекол дека Пјонгјанг ќе ја прошири стратешката соработка со „антиимперијалистички независни“ земји,

Од друга страна, пак, Јужна Кореја најави дека остро ќе одговори на секоја провокација на Пјонгјанг.

Коментарите на Ким, дадени за време на политичкиот состанок, според анализите на странските медиуми, сигнализираат дека Северна Кореја ќе продолжи да спроведува нуклеарни тестови за модернизирање на својот нуклеарен арсенал.

Набљудувачите велат дека Ким сака да го искористи својот нуклеарен арсенал за да изврши притисок за дипломатски преговори со Вашингтон, доколку дојде до дијалог меѓу двете страни по претседателските избори во САД следната година.

Инаку, седниците на единствената партија во земјата – Работничката партија на Северна Кореја, е планирано да траат неколку дена, а деталите од средбите ќе бидат објавени по нивното завршување на 31 декември.

Експерти веруваат дека од Северна Кореја се очекува, освен во зголемувањето на својот нуклеарен капацитет, да преземе чекори и во насока на проширување на соработката со Русија и Кина, исто така земји ривали на САД.

Јужнокорејската разузнавачка агенција денеска соопштила дека има голема веројатност Северна Кореја да изврши воени провокации и кибернапади пред парламентарните избори во Јужна Кореја, закажани во април, претстојната година и претседателските избори во САД во ноември, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Од минатата година, Северна Кореја изврши неколку ракетни тестови, со што ги прекрши резолуциите на Обединетите нации кои му забрануваат вакви дејствија на Пјонгјанг.

Минатата недела, земјата ја тестираше најнапредната ракета што ја има – Хвасонг 18 – за која верува дека има капацитет, односно дострел, да погоди американско тло.

Севернокорејците веруваат дека имаат легитимно и суверено право да вршат такви тестови, наведувајќи ги воените вежби меѓу САД и Јужна Кореја, кои тие ги гледаат како подготовки за инвазија на нивната земја.

Севернокорејскиот лидер одби дијалог со САД по неуспехот на преговорите во 2019 година со тогашниот американски претседател Доналд Трамп, во рамките на кои клучното прашање беше како да се укинат некои од санкциите кон Северна Кореја, во замена за нуклеарно разоружување на земјата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Дечињата од детската градинка „Буба Мара“ во посета на кабинетот на Муцунски

Следно

Telekom Maqedoni: Fillon cikli i dytë i programit studentor Smart Start

Latest from Blog

Трагедија во Охрид – почина 16-годишен мопедист

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал

Тони Михајловски во „Претрес“: Љутков ќе го надмине и најлошиот министер, тој е послушник кој сам си пукаше во нога

Актерот Тони Михајловски во гостувањето во „Претрес со Ландов”, говореше и за состојбите во културата. Според него, најдобар министер до сега бил Ештреф Алиу, а најлош Слободан Унковски. Сепак, посочува, актуелниот министер

Левица со тужба за клевета и кривична пријава против Петар Богојески

Во врска со срамната, крајно вознемирувачка и лажно обвинувачка објава на Петар Богојески, актуелен функционер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, новопечен доцент на Воената академија и близок соработник на премиерот Христијан Мицкоски, со

Православната црква во Америка ја призна автокефалноста на Македонската православна црква

Светиот архијерејски синод на Православната црква во Америка донесе одлука за признавање на каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и целосно евхаристиско општење со нејзините епископи, свештенство и верници. Оваа одлука,
Go toTop