Северна Кореја потврди дека тестирала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел

January 7, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Северна Кореја тестираше хиперсонична балистичка ракета со среден дострел со цел да се „спротивстави на безбедносните закани“ со кои се соочува, јавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, придружуван од генералот Џанг Чанг Ха, генералниот директор на Администрацијата за ракети, го надгледуваше тестирањето, соопшти државната Корејска централна новинска агенција (КЦНА).

„Сегашното пробно лансирање без сомнение докажа дека активно развиваме такви моќни системи за оружје од нов тип како хиперсоничните балистички ракети со среден дострел со цел да се справиме со различните безбедносни закани што ги наметнуваат непријателските сили“, објави КЦНА.

Северна Кореја истакна дека хиперсоничниот ракетен систем „без сомнеж ќе ги запре нивните ривали во регионот на Пацификот“ и го опиша стекнувањето на таква технологија како значајно достигнување.

„Стекнавме техничка сила која во никој случај не е лесна“, се додава во соопштението, потврдувајќи дека ракетата била лансирана од предградие на Пјонгјанг.

Вчера, Јужна Кореја објави дека Пјонгјанг лансирал ракета, што се совпадна со посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Сеул во услови на политичката криза во Јужна Кореја.

Јужна Кореја од минатиот месец се наоѓа во политичка криза поради краткотрајната воена состојба која резултираше со неред во државните работи.

Блинкен, кој се состана со јужнокорејските лидери во Сеул, го осуди лансирањето на ракетата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиќна честитка од министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ

Следно

Земјотрес од три степени утрово почувствуван во југоисточните делови од државата

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop