Северна Кореја лансираше неколку крстосувачки ракети во близина на западниот брег, тврди Сеул

January 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Северна Кореја денес истрела неколку крстосувачки ракети во близина на западниот брег, тврди јужнокорејската војска, пренесува Анадолу.

Началниците на Здружениот штаб (JCS) преку соопштение рекоа дека забележале лансирање од Северна Кореја околу 7 часот по локално време од нејзиниот западен брег, објави сеулскиот Јонхап њуз.

„Додека ги зајакнуваме нашето набљудување и внимателност, нашата војска тесно се координира со Соединетите Американски Држави за следење на дополнителни знаци на провокации од Северна Кореја“, се наведува во соопштението.

Сепак, Здружениот штаб не даде повеќе детали за медиумите.

Ова е трето вакво лансирање на крстосувачка ракета од страна на Северна Кореја за една недела.

Вчера Северна Кореја соопшти дека во текот на викендот ја тестирала новоразвиената стратегиска крстосувачка ракета, Пулхвасал-3-31, лансирана од подморница.

Минатата недела Северна Кореја објави дека го извршила првото тестирање на новиот тип стратегиска крстосувачка ракета Булхвасал-3-31.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анкета: Околу 75,5 отсто од испитаниците поддржуваат воведување каква било форма на воена обука во Хрватска

Следно

Блинкен: Ситуацијата на Блискиот Исток сега е поопасна отколку во 1973 година

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop