Service Learning – нов едукативен метод во рамките на проектот „YOU(th) are ALLRIGHT!“ организиран од здружението Лидери за едукација, активизам и развој

September 23, 2023
2 mins read

Service Learning е едукативниот модел кој ќе се употребува во рамките на проектот „YOU(th) are ALLRIGHT!“, истакнаа програмскиот директор во здружението Лидери за едукација, активизам и развој, како и координатот на проектот (ЛЕАД), Илија Станковски и Анастасија Саша Тофоска, претставник од тимот кој работи на проектот на денешната прес-конференција на која ги најавија активностите кои ќе се одржат во негови рамки.

Проектот „YOU(th) are ALLRIGHT!“ е поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ (МГО), програма за директна поддршка на граѓанските организации започната во рамките на проектот финансиран од ЕУ: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија.

Тие истакнаа дека во процесот на подготовка на проектот дошле до заклучок дека едукацијата на младите во средните училишта во нашата држава речиси целосно се базира на предавање на предвидениот материјал во облик на факти и податоци. Затоа, многу од средношколците сметаат дека научените информации кои се учат во училницата, многупати немаат примена надвор од неа.

– Идејата за овој проект се роди со тоа што ние лоциравме два главни проблеми, односно предизвици. Едниот предизвик е тоа што главниот фокус на стекнувањето на знаење во нашето образование се сведува на воспримање на информации и факти и исто така недоволната практичност, односно реткост во поврзување на теоријата со пракса, истакна Тофоска.

Таа додаде дека дошле до заклучок дека само 12 отсто од младите волонтирале во организација на заедницата, граѓанска организација или локална самоуправа, а дури седум од 10 млади (69 отсто) се опишуваат себе си како главно или воопшто неактивни граѓани во општеството.

Во насока на поттикнување на ангажираноста на младите во својата заедница, здружението Лидери за едукација, активизам и развој, во рамки на проектот „Youth are AllRight“, вклучи 10 средношколски тимови кои ќе спроведат свои проекти базирани на едукативниот модел наречен Service Learning (служба за заедницата). Вклучените средношколски тимови ќе добијат тренинг за јакнење на нивните капацитети и доработка на нивните проекти, а потоа во период од три месеци истите ќе ги реализираат, со финансиска поддршка од 12.000 денари по тим.

Како што истакнаа, Service Learning е едукативен пристап, каде што ученикот ја поврзува теоријата и знаeњата стекнати во училишните клупи преку конкретна активност и проект кој е наменет за влијание во општеството.

– Запознаени сме со недостигот на реална пракса во наставата. Токму со помош на методот на Service Learning се постигнува практична примена на теоретското знаење стекнато кај учениците за време на наставата, додека во исто време даваат придонес кон заедницата, рече Станковски.

Тие нагласија дека имаат неколку студии, односно истражувања направени во САД во однос на овој модел, каде што се забележани позитивните резултати од имплементација на ваква програма, односно студентите кои што учествувале во вакви проекти имале повисоки оцени во споредба со оние кои што не се вклучиле во ваков проект. Понатаму се покажало дека истите имаат поголема веројатност да гласаат, односно да го остварат своето демократско право, да волонтираат и да се вклучат во други форми на граѓанско општество.

Во рамки на проектот „Youth are AllRight“ средношколските тимови ќе реализираат проекти насочени кон заедницата со кои ќе придонесат кон подобрување на академските перформанси, кај лица со попречености од страна на учениците, ќе ја зголемат дигиталната едукација кај пензионери и стари лица, ќе понудат медицинска помош кај локалното население, ќе спроведат акции за чистење на локалните паркови и ќе придонесат кон урбанизација на дворови кај лица кои не се во можност сами да го направат тоа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Тирана загрижувачка појавата меѓу младите кои консумираат азотен оксид во балон

Следно

Сончево и многу топло, температурата до 35 степени

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop