Серхио Рамос го напушта Мексико, пред заминувањето влезе во конфликт со тимот што го исфрли

December 9, 2025
1 min read
ФОТО: Rayados/FB

Откако Толука со победа од 3:1 го елиминираше Монтереј од полуфиналето на мексиканскиот плејоф, на социјалните мрежи започна вербална војна. Во центарот се најде легендарниот дефанзивец Серхио Рамос (39), чија прослава на голот стана предмет на подбив. Шпанецот не остана должен и жестоко возврати.

Иако неговиот тим губеше, Рамос по постигнатиот почесен гол стави прст на устата. По последниот свиреж и потврдата дека Толука се пласира во финалето, клубот ја искористи гестикулацијата на Рамос за провокација на социјалните мрежи.

Тие објавија порака: „Тишина, Пандилја веќе одмора“, алудирајќи на прекарот на навивачите на Монтереј. Објавата веднаш стана вирална и предизвика лавина коментари, а стигна и до Рамос.

Шпанецот најпрво возврати објавувајќи споредба на бројот на следбеници на социјалните мрежи: неговите над 60 милиони наспроти околу 600 илјади на Тулука. Неколку минути подоцна сподели нова објава со фотографија од неговите бројни трофеи и испрати порака: „Лавовите не го губат сонот поради мислењето на овците.“

Овој двобој на социјалните мрежи воедно го означи и крајот на краткиот престој на Рамос во мексиканскиот фудбал. Полуфиналниот меч беше негов последен, нешто што и самиот го потврди по натпреварот. Шпанецот заминува од Монтереј по одиграни 32 натпревари и седум постигнати голови.

Рамос сè уште не открил каде ќе ја продолжи кариерата, но се шпекулира дека можна е негова повратна во европскиот фудбал.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Нулта толеранција за корупцијата е единствениот пат напред

Следно

Успех за паметење: Каратистите од Битола одат на Европско првенство

Latest from Blog

Арсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!

Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите

Мелони: Верував дека со Трамп ќе биде полесно, но испадна поинаку

За време на разговорот, воден на италијански јазик во салон до нејзината канцеларија во Рим, Мелони понекогаш изгледаше смирена, а понекогаш борбена, во исто време духовита и решителна, според „Њујорк тајмс“. Во

Канали, гробишта, и септички јами како ризик фактор за справување со комарците

Регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, 40 се лабораториски потврдени, додека три се суспектни. За разлика од претходните извештаи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), за првпат има потврдени случаи во општините
Go toTop