Сензација во Норвешка: Пеп се “коцкаше“ и загуби од Бодо/Глимт!

January 20, 2026
1 min read
ФОТО: Manchester City/FB

Голема, нестварна сензација на северот на Европа. Вечерва во меч од 7.коло во Лигата на Шампионите, “малииот“ Бодо/Глимт со нестварни 3:1 успеа да го победи еден од најскапите тимови во светот, Манчестер Сити.

Херојско издание на домашните, но на овој пораз и тоа како “кумуваше“ Пеп Гвардиола кој просто се “коцкаше“, го “испомеша“ составот и на крајот го стигна казната.

Бодо/Глимт дојде до историска победа и тоа со головите на Хог два и Хауге, додека поразот го ублажи Черки.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Да не бев јас, НАТО сега немаше да постои

Следно

Градоначалникот Ќура му посака бериќетна година на Петар кој го фати светиот крст во Струга

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Исчистен комплексот „Езеро“, апел до граѓаните да ја чуваат природата

Спортско-рекреативниот комплекс „Езеро“ во Прилеп и неговата поширока околина се темелно и целосно исчистени и подготвени да ги пречекаат прилепчани за претстојниот сончев викенд, информираат од ЈКП Комуналец – Прилеп. Од јавното

Комерцијална банка и Алкалоид ја водеа ликвидноста – неделата со 94,71 милиони денари промет

Блок-трансакција со Алкалоид од 23,94 милиони денари ја обележа неделата – најголеми падови кај Шпаркасе и ТТК Банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на
Go toTop